Обвинителство контра судот: Доставивме доволно докази и за притвор и за кривичното дело

January 7, 2024
1 min read

Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во конкретниот случај е неоснована, велат од Обвинителството.

„Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото“,

велат од ОЈО Скопје.

По реакцијата на Кривичниот суд дека не се приложени доволно докази за делото за кое се гонат осомничените, од Обвинителството објаснуваат:

„Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување,“

посочуваат од Обвинителството.

По низата рекации во јавноста за одлуката на судијата на претходна постапка да не го прифати предлогот за притвор за осомничените за случајот М-НАВ, од Кривичниот суд денеска порачаа дека постапиле врз основа на приложените докази.

Самиот предлог на јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело. Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање“,

порачаа од Кривичниот суд Скопје.

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд на 5 јануари годинава им определи мерки за претпазливост на четири лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Со мерките предвидена е забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетениот, како и меѓусебна комуникација, но не и притвор како што бараше Обвинителството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нападот во М-НАВ, лишен од слобода 39 годишниот П.Б.

Следно

Од печат излезе 34. издание на списанието „Филозофска трибина“

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop