Украина: Функционерите кои бегаат од воените должности ќе бидат разрешени

January 26, 2023
1 min read

Повеќе од десет функционери беа разрешени оваа недела по серијата скандали и обвинувања за корупција

Функционерите на украинската влада кои ги избегнуваат своите должности за време на војната ќе бидат брзо сменети, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски во екот на борбата против корупцијата.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Повеќе од десет функционери беа разрешени оваа недела по серијата скандали и обвинувања за корупција. Политичките аналитичари рекоа дека Зеленски треба да им покаже на западните политичари и уморните од војна Украинци дека е сериозен за казнување на злоупотребата на моќта.

„Секој треба да го сфати своето ниво на одговорност кон државата и нацијата за време на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Ова ќе му се случи на секој кој ќе си дозволи да ги заборави (своите должности), без разлика на титулите и функциите“,

рече Јермак.

Меѓу скандалите беше и оној на заменик-министерот за одбрана кој поднесе оставка по извештаите кои тој ги негираше, дека неговото министерство плаќа напумпани цени за храна на војската.

Претседателскиот советник кој локалните медиуми го повикаа на одговорност затоа што возел скапи автомобили, исто така поднесе оставка, како и висок обвинител за кој украинските медиуми објавија дека заминал на одмор во Шпанија, кршејќи ги правилата на воената состојба. Илјадници украински цивили се убиени, милиони се раселени, а градовите се претворени во урнатини откако руските сили ја нападнаа Украина пред 11 месеци.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарскиот амбасадор во Скопје за случајот „Пендиков“: Ја чекаме вистинската истрага на обвинителството во Охрид

Следно

Стојаноска: Односите со Бугарија се повеќе се вжештуваат, а институциите, министрите и премиерот не кажуваат што би презеле

Latest from Blog

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500

Проданоски со честитка по повод Свето Преображение Господово

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна
Go toTop