Бугарскиот амбасадор во Скопје за случајот „Пендиков“: Ја чекаме вистинската истрага на обвинителството во Охрид

January 26, 2023
3 mins read

На прашањето дали ќе се смират страстите ако се сменат имињата на бугарските клубови, бугарскиот амбасадор во земјава рече дека тие клубови не ги отвориле тие како држава. Нив ги отворија Бугарите од Охрид и тие си го избрале тоа име и тоа е нивна волја како ќе постапат, посочи Ангелов

Сложено е да се каже кој го пали огнот, вели Ангелов, но тоа што го гледам во моментов е следното: дека ние разговараме на различни јазици (метафорично) двете држави и тоа е многу сериозен проблем. Ние обрнуваме сериозно внимание на тоа дека има проблем, а од другата страна велат – не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме

Од Обвинителството во Охрид соопштија дека Христијан Пендиков бил нападнат од омраза. Потоа следуваше посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во болницата – така што ние се движиме по однос на овој случај според официјалните информации, изјави во студиото на „Повеќе на денот“ на БНТ амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов.

„Гледам дека обвинителството еволуирало и сега се вели дека мотивите на делото се уште се нејасни. Ја чекаме вистинската истрага од обвинителството и потоа го чекаме судот“,

додаде Ангелов.

Според него, ова ѕверство пораснало со секакви шпекулации – дека Христијан бил наркодилер, дека е тепачка меѓу различни дилери и слично, а во исто време тој си заминал од РСМ со својот странски пасош, бидејќи немало обвинение против него за да му се одземе пасошот. Тој на крајот на декември поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за неосудуваност издадено од судот во Охрид.

„Затоа велам дека се страшни тие шпекулации и ние треба да го расчистиме тоа. За нас, нападот се случил поради омраза, како што и соопшти обвинителството од Охрид“,

рече Ангелов.

Во моментов Христијан е стабилен по операцијата, рече Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна.

Од летото минатата година почна да ескалира радикалниот говор против Бугарите во РСМ, а ние неколкупати се обидовме да го адресираме до властите во Скопје, за да преземат некакви мерки, посочи амбасадорот.

„Овој радикален говор, особено на социјалните мрежи, доведе и до нападот со камења врз клубот ‘Цар Борис Трети’ во Охрид, потоа до пукањето врз клубот и кулминираше со овој физички напад врз Христијан“,

додаде Ангелов.

На прашањето – кој го пали огнот, Ангелов одговара:

„Тоа е сложено да се каже, но тоа што го гледам во моментов е следното: дека ние разговараме на различни јазици (метафорично) двете држави и тоа е многу сериозен проблем. Ние обрнуваме сериозно внимание на тоа дека има проблем, а од другата страна велат – не, нема проблем, нашата држава е идеална. И тука нема како да се разбереме. Мислам дека некаква деескалација треба да се постигне и таа треба да биде во насока да се адресираат стравовите и проблемите на Буугарите во РСМ“.

Одлуката да биде повикан во Софија вели дека е дипломатска пракса да биде повикаан на консултации амбасадорот и тоа е показател дека има сериозни проблеми во односите меѓу двете држави.

„Моето враќање во РСМ ќе биде оценка од надлежните институции во Бугарија. Мора да се врати довербата што беше изгубена“,

додаде тој.

Според него, клучно е двете држави треба да постигнат доверба, односно да се врати довербата која била изгубена за да се подобрат односите.

На прашањето дали бугарските институции и политичари имаат вина за двостраните провокации и антибугарските ставови, како што рече министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата на Пендиков во Софија, Ангелов посочи:

„Нашата позиција е да градиме добри меѓусоседски односи и тоа е задача на дипломатијата и на мене како амбасадор во Скопје, да градиме мостови. Тие мостови се градат со доверба, а таа доверба е кога ние ќе кажеме дека имаме проблем, од другата страна да го слушнат нашето мислење, да го адресираат тој проблем и да преземат некакви дејствија за да го решат“.

Ако има некаков список за забрана за влез во Македонија на некои бугарски политичари, меѓу кои и европратеник, како што најави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност, Ангелов рече дека бугарските институции ќе ги преземат неопходните дејствија или во најмала рака ќе го вербализираат тоа. Тоа се уште е хипотетично, нагласи тој.

Ангелов рече дека каналите на комуникација меѓу двете земји не се затворени, напротив, тие се остануваат отворени, како на ниво на амбасадори, така и на ниво на министри, премиери и претседатели.

На прашањето – дали ќе се смират страстите ако се сменат имињата на бугарските клубови, бугарскиот амбасадор во земјава рече дека тие клубови не ги отвориле тие како држава.

„Нив ги отворија Бугарите од Охрид и тие си го избрале тоа име и тоа е нивна волја како ќе постапат“,

рече Ангелов.

Тој нагласи дека преговорите на Македонија со ЕУ суштински не се почнати и дека во моментов се одвива само скрининг процесот. За да почнат преговорите, условот на ЕУ е да се вклучат Бугарите во Уставот, а тоа е процес, додаде Ангелов.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОГРОМНА ЗАГУБА: Почина Марија Стојанов, дамата која остави траен белег во белиот мантил

Следно

Украина: Функционерите кои бегаат од воените должности ќе бидат разрешени

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во

Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за
Go toTop