Бадник се одбележа и пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

January 6, 2024
1 min read

Централното одбележување на Бадник денеска се одржа пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Божидар Јанковски, сопственикот на „Дајнерс“ е кумот за оваа година, а здравичар е актерот Анастас Тановски.

Јанковски во своето обраќање пред присутните кажа дека треба да се покажува добрина не само на овој ден туку и во секој ден од годината.

-“ Како бадникарски кум сакам да ве замолам да покажуваме добрини не само денес, не само на Бадник, туку секој ден во годината. Ве молам да се слушаме, да се гледаме, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме. Скопје е на сите родени во Скопје, но и на сите кои живеат во него. Таа различност на сите жители на Скопје го прави Скопје метропола. И тоа така засекогаш треба да остане“, рече Јанковски.

Здравичарот Анастас Тановски во своето обраќање денеска посака здравје, среќа, светлина и топлина во нашите души и испрати порака да бидеме човечни и хумани.

-“ Пред некој ден ја испративме старата и ја дочекавме новата година. И еве дојде 6 јануари, денот Бадник кој го најавува утрешниот ден, големиот христијански празник Божиќ- Христовото раѓање.Што да си честитаме и посакаме за овие празници? Пред се, да си посакаме здравје, среќа, да си посакаме светлина и топлина во нашите души, да нема војна, завист и суета меѓу луѓето, да бидеме човечни и хумани“, рече Тановски.

Свое обраќање имаше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска каде посака оваа година да биде исполнета со здравје, хармонија, мир, среќа, радост.

-“ Да бидеме кон ближните свои исполнети со сето она кое што би сакале и останатите да го покажат кон нас. Да им покажеме што значи да бидеме солидарни, да бидеме хумани, да покажеме љубов, разбирање и се надевам дека оваа година секој од нас ќе го покаже најдоброто од себе, и она кое го очекувате останатите да го покажат кон вас“, рече Арсовска.

И градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски им се обрати на присутините. Тој кажа дека му е чест и задоволство што е дел од традиција која постои 30 години.

-“ На православните христијани им го честитам Бадникот. Посакувам многу здравје, среќа, берикет, слога, политување и меѓусебно разбирање“, рече Герасимовски

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со Бадникови поворки најавено Христовото раѓање

Следно

Јапонија: Бројот на загинати во земјотресите се искачи на 100

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop