Четворицата осомничени за упадот во М-НАВ добија мерки на претпазливост, судот не им определи притвор

January 6, 2024
1 min read

Осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација

Четворицата осомничени за вчерашниот упад во зградата на Македонската навигација, кои вечерва беа изнесени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, добија мерки на претпазливост, а не притвор, како што предложи Обвинителството.

Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против четири лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 став 2 вв со член 22 од Кривичниот законик, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се определуваат мерки за претпазливост“,

се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, од судот велат дека странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно вечерва соопшти дека е отворена истражна постапка против осумте лица за вчерашниот упад во Македонската навигација. Тие, како што информира Обвинителството, се товарат се кривичното дело загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, за кое е предвидена затворска казна од најмаку 5 години.

Упадот во Македонска навигација се случи вчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. 

Како што рече Тасевски, по упадот, возилата со кои лицата дошле во кругот на зградата на М-НАВ воопшто не биле спречени од двојното обезбедување да му пристапат на објектот. Тие го поминале и обезбедувањето кое го врши надворешна фирма, но и обезбедувањето на М-НАВ.   

Поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството побара, судот не одреди притвор за групата на Незири

Следно

Променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop