Еврејски рабин се расплака додека гласаше за „Фотографии на годината“ на Анадолу

January 5, 2024
2 mins read

ЛОНДОН (АА) – Хаим Софер, ортодоксен еврејски рабин од Велика Британија, се расплака додека гласаше за фотографиите фаворити во категоријата „Газа: Докази“ на натпреварот за „Фотографии на годината“ организиран од Агенција Анадолу.

Софер, инаку член на антиционистичкото движење Нетуреи Карта, гласаше за фотографијата на Ашраф Амра насловена како „Крик“, на која жена тагува за време на погребната церемонија во градот Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Рабинот рече дека ја избрал оваа фотографија затоа што е прикажана палестинска мајка која го изгубила своето дете, „најскапоценото нешто во нејзиниот живот“.

„Ова е најболното нешто што може да се види“, рече Софер кој пролеа солзи додека ги гледаше фотографиите во категоријата „Газа: Докази“, која беше отворена како една од специјалните секции од турската глобална новинска Агенција Анадолу.

Во овој контекст, може да се гласа за 25 фотографии кои се запишани во историјата како доказ за нападите на израелските сили кои претставуваат воени злосторства во категоријата насловена како „Газа: Докази“.

„Таа ја изгуби својата куќа, го загуби најскапоценото нешто на светот, тоа се децата, иднината на палестинскиот народ, ја изгуби својата иднина“, додаде рабинот.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, најмалку 22.600 Палестинци се загинати, а 57.910 се повредени, според здравствените власти на Газа, додека се смета дека речиси 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас.

Израелските напади ја претворија Газа во урнатини, 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, речиси 2 милиони жители се раселени, а постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

– Други категории –

Заедно со категоријата „Газа: Докази“, која вклучува 25 фотографии, овогодинешните учесници можат да гласаат и во друга посебна категорија од натпреварот на фотографии насловена „Земјотрес: Надеж“.

Дваесет и две фотографии кои се фокусираат на сториите за надеж за време на земјотресите на 6 февруари со центар во Кахраманмараш, кои погодија 11 области во Туркије и беа опишани како „катастрофа на векот“, ќе бидат ставени на гласање под насловот „Земјотрес: Надеж“.

За 45 извонредни фотографии ќе може да се гласа во главните категории „Животна средина и живот“, 30 во категоријата „Вести“ и 25 во категоријата „Спорт“.

Покрај Туркије, фотографиите избрани од уредниците на Анадолу од над 1 милион објавени од целиот свет, од САД до Пакистан, Украина до Арктичкиот Океан, од Палестина до Шкотска, од Авганистан па сè до Перу, се на турски јазик, за кои ќе може да се гласа на глобално ниво со англиски преводи.

Учесниците во гласањето ќе можат да гласаат за повеќе фотографии.

Секоја година гласаат стотици илјади луѓе од сите страни на светот, вклучително и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министри, политичари, спортисти, уметници и луѓе од сите сфери на животот.

Гласањето, кое имаше 416.746 гласови минатата година, ќе биде отворено до 31 јануари 2024 година до 17 часот по турско време на веб-страницата „yilinkareleri.aa.com.tr“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковски: ДУИ делеше „европски“ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

Следно

АХВ: Во одгледувалиште во кумановско регистрирана африканска чума, воспоставена заштитна и зона под надзор

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop