Белорусија му суди на добитникот на Нобелова награда за мир – се соочува со 12 години затвор

January 5, 2023
1 min read

Бељачки беше уапсен на антивладини протести во 2021 година, а неговите поддржувачи велат дека авторитарниот режим на Лукашенко, со ова сака да го замолчи

Алеш Бељачки / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Во Белорусија денеска започна судскиот процес против активистот за човекови права Алеш Бељачки кој 2022 година ја доби Нобеловата награда за мир заедно со други активисти од Русија и Украина.

Бељачки седна на обвинителка клупа со уште двајца активисти (Валентин Стефановиќ и Владимир Лабкович) од Центарот за човекови права „Весна“ кој тој го основаше, и се соочуваат со затворска казна до 12 години затвор.

Бељачки беше уапсен на антивладини протести во 2021 година, а неговите поддржувачи велат дека авторитарниот режим на претседателот Александар Лукашенко, со ова сака да го замолчи.

Режимот на Лукашенко го обвинува за шверц на пари во готовина со кои се финансирале активности на опозицијата односно антивладини протести.

Масовните протести на кои тој беше уапсен во 2021 година беа организирани поради обвинувања за нерегуларности на изборите една година претходно со кои Лукашенко се задржа на власт.

Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година, а Бељачки го формираше центарот „Весна“ во 1996 година како одговор на тогашното брутално задушување на уличните демонстрации против Лукашенко.

При доделувањето на Нобеловата награда за мир од норвешкиот Нобелов комитет порачаа дека белоруските власти постојано се обидуваат да го замолчат Бељачки, но тој и покрај огромните тешкотии не отстапува ни педа во неговата борба за човекови права и демократија во Белорусија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што е досега познато за новиот сој на корона: Најзаразниот досега, за една недела двојно се зголеми бројот на заболени во САД

Следно

Апелите не помогнаа: Верниците запалија коледарски оган

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop