Што е досега познато за новиот сој на корона: Најзаразниот досега, за една недела двојно се зголеми бројот на заболени во САД

January 5, 2023
3 mins read

XББ.1.5. е потсој на сојот XББ што се појави во 2022 година. XББ.1.5 ја има мутацијата Ф486П што го олеснува инфицирањето на човечките клетки и избегнувањето на имунитетот и со тоа предизвикува негово побрзо ширење. Врз основа на досегашните податоци, симптомите на XББ.1.5. се приближно слични на оние од претходните подваријанти на омикрон, иако тоа допрва треба да биде потврдено од научниците

Иако фокусот на светот е на најлошата епидемија со која се соочи Кина од 2019 година кога беше откриен коронавирусот, новата подваријанта на вирусот ХББ.1.5. предизвикува зголемена загриженост во остатокот од светот. Подваријанта ХББ.1.5. брзо се рашири во САД и го удвои бројот на позитивни случаи за само една недела, а се заканува да стане доминантен и во светот. Експертите велат дека ова е најзаразната подваријанта на омиркон откриена во 29 земји досега. Останува прашањето дали се заканува да предизвика нови бранови на инфекции и да го врати коронавирусот во прв план?

Каде е откриен новиот вид?

Се чини дека варијантата потекнува од или околу државата Њујорк кон крајот на октомври. До крајот на декември, бројот на случаи во САД се зголеми повеќе од двојно за само една недела.

Покрај тоа, повеќе од 40 отсто од случаите на ковид-19 во САД сега се предизвикани од сојот ХББ.1.5, покажаа податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести во петокот.

„Иронично, веројатно најлошата варијанта со која се соочува светот во моментов е всушност ХББ“,

изјави д-р Маркл Остерхолм, експерт за заразни болести од Универзитетот во Минесота, во едно неодамнешно интервју за Ројтерс, пренесува Еуроњуз.рс.

Остерхолм додаде дека 7 од 10 американски држави во кои се зголемува бројот на случаи и хоспитализации на североистокот на земјата се токму државите каде што се зголемува бројот на заразени со новиот сој.

Колку брзо се шири?

На пример, рекомбинантните варијанти БА.2, ХББ и ХББ.1.5. заедно сочинуваат 44,1 отсто од вкупните случаи во САД за неделата што заврши на 31 декември. До неделата, заклучно со 24 декември, на ХББ.1.5. отпаѓаа 21,7 отсто од вкупниот број случаи, што значи дека бројот на заразени се удвоил за само седум дена.

Епидемиологот д-р Марија Ван Керчов од Светската здравствена организација (СЗО) рече дека новата подваријанта омикрон е веќе откриена во 29 земји, но дека веројатно постои во многу повеќе. Новиот вид има мутации кои му овозможуваат на вирусот побрзо да се инфицира и да се репродуцира.

„Загрижени сме за брзината со која се пренесува. Особено во некои земји во Европа и Северна Америка, главно во североисточниот дел на САД, ХББ.1.5 брзо ги замени другите варијанти што беа во оптек“,

рече таа на прес-конференција во Женева, истакнувајќи дека СЗО наскоро ќе објави проценка на ризикот за новиот вид.

Американскиот национален центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) проценува дека ХББ.1.5. е одговорен за околу четири од десет (40,5 проценти) нови инфекции предизвикани од коронавирусот на крајот на декември.

Дали е поопасен?

Иако е позаразна, моментално не е јасно дали XББ.1.5 сојот е поопасен во однос на симптомите и тежината на болеста. Засега, според д-р Керхов, „нема докази дека сериозноста на клиничката слика е променета“. Но, СЗО смета дека е важно да се следи неговото ширење бидејќи во последниот месец има 15 отсто зголемување на смртните случаи од ковид-19 на меѓународно ниво. Д-р Керхов смета дека ова е „потценување бидејќи има доцнења во објавувањето на податоците“.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изрази загриженост за новата подваријанта на ковид-19 и рече дека Берлин внимателно ја следи ситуацијата.

„Се надеваме дека ќе ја преживееме зимата пред да се рашири таква варијанта меѓу нас. Следиме дали и до кој степен XББ.1.5 се појавува во Германија“,

напиша Лаутербах на Твитер.

Професорот Пол Хантер од Универзитетот во Источна Англија изјави за Би-би-си дека нема докази дека XББ.1.5. е поопасен од другите подваријанти на омикрон. „Иронично е“, истакна тој, „што сите се фокусираат на можните варијанти кои би можеле да се појават во Кина, додека XББ.1.5 доаѓа од САД“.

Професорот Дејвид Хејман, од Лондонската школа за јавно здравје и тропска медицина, вели дека иако останува уште многу да се научи за XББ.1.5, малку е веројатно дека ќе предизвика големи проблеми во земјите со високи стапки на вакцинација и кај луѓе со природен имунитет од претходни инфекции со корона.

Дали ќе предизвика нов бран на инфекции?

Британските научници веруваат дека е веројатно – иако не е сигурно – дека XББ.1.5. ќе предизвика нов бран на ковид-19 до крајот на јануари. Но, според професорката Венди Баркли од Империјалниот колеџ во Лондон, нема докази дека XББ.1.5. може масовно да ја наруши заштитата што ја обезбедуваат вакцините против ковид-19, изјави таа за Би-би-си.

Меѓутоа, иако XББ.1.5. привлекува меѓународно внимание, оваа варијанта не е доминантна во Кина, каде што најголем дел од инфекциите досега доаѓаат од подваријантата омикрон БА.5, која сега сочинува само 3,7 отсто од новите случаи во САД.

XББ.1.5. е гранка на сојот XББ што се појави во 2022 година. XББ.1.5. ја има мутацијата Ф486П што го олеснува инфицирањето на човечките клетки и избегнувањето на имунитетот, предизвикувајќи негово побрзо ширење.
Врз основа на досегашните податоци, симптомите на XББ.1.5. се приближно слични на оние од претходните подваријанти на омикрон, иако тоа допрва треба да биде потврдено од научниците.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден: Путин се обидува да „здивне“ со прекинот на огнот

Следно

Белорусија му суди на добитникот на Нобелова награда за мир – се соочува со 12 години затвор

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop