Израелскиот министер за одбрана го престави повоениот план за Газа – со енклавата нема да владеат ниту Хамас, ниту Израел

January 5, 2024
2 mins read

Според нацрт-планот што го преставил Галант, Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола на Газа, а мултинационални сили ќе ја преземат одговорноста за обнова на територијата, разрушена од изралеското бомбардирање. Соседен Египет, исто така, ќе има неодредена улога според планот, во кој се наведува дека Палестинците ќе бидат одговорни за управување со територијата

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа го претстави нацрт-планот за повоеното управување со Појасот Газа, според кој ниту Хамас, ниту Израел нема да владеат со палестинската територија по завршувањето на непријателствата, јавуваат светските медиуми. 

Северниот дел на Појасот Газа / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Според Галант, палестинската власт на територијата ќе биде ограничена. Хамас повеќе нема да ја контролира Газа, а Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола, рекол министерот.  

Нацрт-планот за „денот потоа“, Галант го презентираше пред новинари во очи на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на регионот.  

Посетата на Блинкен треба да се случи овие денови, а во нејзините рамки се очекува тој да се сретне и да разговара со палестинските претставници од окупираниот Западен Берг и со израелските лидери.  

Неговата посета, како што потсетува британскиот национален сервис, доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот по атентатот на еден од водачите на Хамас, Салех ал-Арури што се случи во вторникот во главниот град на Либан, Бејрут. За неговото убиство милитантната група го обвинуваИзраел, кој ниту ја потврдува, ниту ја негира вмешаноста во убиството.  

Инаку, според нацрт-планот што го преставил Галант, Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола на Газа, а мултинационални сили ќе ја преземат одговорноста за обнова на територијата, разрушена од изралеското бомбардирање.  

Соседен Египет, исто така, ќе има неодредена улога според планот, во кој се наведува дека Палестинците ќе бидат одговорни за управување со територијата.  

„Жителите на Газа се Палестинците, затоа палестинските тела ќе бидат одговорни, под услов да нема непријателски активности или закани против државата Израел“,

рекол Галант.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант (десно) на прес-конференција во Тел-Авив на 28 октомври 2023 г. / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Инаку, разговорите за „денот потоа“ во Газа доведе до длабоко несогласување во Израел. 

Некои од екстремно десничарските членови на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сметаат дека палестинските граѓани треба да бидат охрабрени да ја напуштат Газа во егзил, а на територијата да бидат воспоставени еврејски населби. Ваквите предлози повеќе земји, како и некои од сојузниците на Израел ги отфрлија како „екстремистички“ и „неостварливи“.  

Премиерот Нетанјаху не зборуваше јавно за никакви детали за тоа како мисли дека треба да се управува со Газа. Тој посочи дека војната во Газа може да трае уште неколку месеци, со наведената цел – целосно уништување на Хамас. 

Објавувањето на планот доаѓа додека продолжуваат борбите во Газа, при што десетици луѓе загинаа во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Хамас. 

Планот на Галант, исто така, наведува дека израелската војска има за цел да продолжи со следната фаза од војната во Газа. Тој, рекол дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе заземат насочен пристап на северот на Појасот , каде што операциите ќе вклучуваат рации, уривање на тунели, како и воздушни и копнени напади. 

На југ, израелската војска ќе продолжи со потрагата по лидерите на Хамас и спасување на израелските заложници.

Вкупниот број на луѓе убиени во Газа од почетокот на израелската одмаздничка кампања достигна повеќе од 22.400 заклучно со вчерашниот ден, што претставува речиси еден процент вкупниот број на жители на енклавата, кој се пронценува на околу 2,3 милиони, соопшти Министерството за здравство на Хамас.  

Офанзивата на Израел врз Појасот Газа започна откако припадници на Хамас извршија ненадеен напад врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени 1 200 луѓе, повеќето цивили, а уште 240 беа земени како заложници.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Миле Кузмановски и Ламбе Алабаковски вечерва ќе пеат на плоштад „Македонија“

Следно

МВР со нови казни за 139 возачи во Скопје

Latest from Blog

Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

фото: LiverpoolFC (X) Новото име во нападот на Ливерпул, Александар Исак веројатно ќе го има своето деби за „црвените“ утревечер кога тимот ќе игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Менаџерот

Брод со судански бегалци се запали покрај либискиот брег, најмалку 50 мртви

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува

„И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со Дрисла, ѓубрето во Скопје е резултат на неспособноста на Арсовска и нејзините другари од ДУИ“

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е

Меџити: Нов кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“ со инвестиција од 40 милиони евра

Во текот на денешната владина седница, беше донесена историски важна одлука за високото образование – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје добива во трајно користење парцела од 31.434 м² на која ќе се

Болната семејна судбина на Роберт Редфорд: Зад неговата насмевка, се криеја две големи трагедии

Познатиот актер Роберт Редфорд никогаш не живеел типичен живот на позната ѕвезда. Одамна се пензионираше од јавноста и поминуваше време со својата сопруга Сибил. Иако рече дека таа му го променила животот,
Go toTop