ОН вознемирени од израелските предлози за присилно раселување на Палестинците надвор од Газа

January 4, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, денес изјави дека е многу вознемирен од предлогот на израелската Влада за масовно раселување на Палестинците од Газа, јавува Анадолу.

„Многу сум вознемирен од изјавите на високите израелски претставници за плановите за префрлување на цивилите од Газа во трети земји“, објави Волкер Турк на социјалната мрежа Х.

Наведувајќи дека 85 отсто од населението во Газа е веќе внатрешно раселено, Тирк истакна дека жителите имаат право да се вратат во своите домови.

„Меѓународното право забранува присилно преместување на заштитени лица или депортација од окупираната територија“, предупреди тој.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, и министерот за финансии, Безалел Смотрич, изразија поддршка за „доброволната миграција“ на Палестинците од Појасот Газа, повикувајќи ги другите земји да ги прифатат.

Изјавите на Гвир и Смотрич ги осуди меѓународната заедница, меѓу кои и Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија и Франција.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој, според израелските власти, загинале речиси 1.200 Израелци.

Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а околу два милиона жители се раселени.

Оттогаш во израелските напади врз енклавата загинати се најмалку 22.313 Палестинци, а 57.296 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велјановски: Со насилство и талатизација во советот на Општина Карпош, со Левица како главен играч, се донесе буџетот на општината, среќна нова 1949

Следно

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop