Во „Козле“ дневно има до 200 деца на преглед, грип и ковид-19 ги полнат болниците

January 4, 2024
1 min read

Според Институтот за јавно здравје, од 25 до 31 декември се регистрирани вкупно 72 случаи на ковид-19, а во последните 24 часа на Инфентивната клиника се примени двајца пациенти со симптоми на ковид

Последниов период во детската клиника „Козле“ е зголемен бројот на деца кои доаѓаат на преглед поради покачена температура и сезонски вирус.

Според докторите од оваа клиника, дневно на преглед имаат и до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.

Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница, изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.

„Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година“,

појасни Поповска.

Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.

Директорот на Институот за јавно здравје, Шабан Мемети, пак, информира дека вкупно 72 случаи на ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември.

Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.

Според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ, во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.

„Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава“,

соопшти таа.

На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

„Имаме вкупно четири пациенти на клиниката“,

рече Стевановиќ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холандија треба да е на готовс за војна со Русија

Следно

Трамп поднесе жалба против пресудата на Врховниот суд на Колорадо за забраната за негово учество на изборите

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop