Објавени судски документи за врските на педофилот Епстајн – Трамп, Клинтон и принцот Ендрју меѓу лицата што се споменуваат

2 mins read

Судските материјали го истакнуваат социјалниот круг на Епстајн, кој се изјасни за виновен во врска со обвинението за наведување на малотеник на проституција во 2009 година. Њујоршката судијка Лорета Преска, при наредбата за објавување на досиејата, рекла дека многу од именуваните веќе биле идентификувани од медиумите или за време судската постапка против партнерката на Епстајн, Гислајн Максвел

Принцот Ендрју – војводата од Јорк, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, починатиот музичар Мајкл Џексон и американскиот илузионист Дејвид Коперфилд се меѓу познатите имиња што се споменуваат во големиот број судски документи со кои се идентификуваат лица поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епстајн, пренесуваат светските медиуми.  

Вршителот на должноста обвинител на САД за јужниот округ на Њујорк, Одри Штраус зборува за време на прес-конференција во врска со обвиненијата против Гислајн Максвел за нејзината наводна улога во сексуалната експлоатација и злоупотреба на повеќе малолетни девојчиња од страна на Џефри Епстајн во Њујорк, САД, 2 јули 2020 година / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Документите беа објавени вчера по наредба на федералниот судија на САД, Лорета Преска. 

Многумина од угледните личности што се споменуваат во документите, медиумите веќе ги идентификуваа, а некои од нив се појавија за време на судењето на партнерката на Епстајн, Гислајн Максвел, која беше осудена за трговија со луѓе за сексуални цели и отслужува 20-годишна затворска казна.  

Како што пренесуваат медиумите, тоа што нечие име стои во споменатите судски списи не значи дека тие лица се обвинети за некакви кривични дела. 

Документите кои опфаќаат околу 900 страници, како што пренесува Би-би-си, се чини дека не нудат нови сознанија во врска со Епстајн, кој почина во затвор во 2019 година, додека ги чекаше федералните обвиненија за сексуална трговија.  

Во наредните денови, како што пишува британскиот национален сервис, се очекува да бидат објавени повеќе документи во врска со случајот.  

Меѓу високопрофилните личности кои се наведуваат во документите е поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој, како и Бил Клинтон, не се товари за никакви кривични дела или прекршоци.  

На барањето за коментар, претставниците на Клинтон се повикале на изјавата што тој ја дал во 2019 година, во која навел дека „не знае ништо“ за злосторствата на Епстајн. 

Инаку, судските материјали го истакнуваат социјалниот круг на Епстајн, кој се изјасни за виновен во врска со обвинението за наведување на малолетници на проституција во 2009 година.  

Њујоршката судијка Лорета Преска, при наредбата за објавување на досиејата рекла дека многу од именуваните веќе биле идентификувани од медиумите или за време на судската постапка против партнерката на Епстајн, Гислајн Максвел.  

Поранешниот американски претседател е меѓу имињата кои се споменуваат во судските документи / Фото: Архива

Таа додала дека многумина од лицата наведени во досиејата не поднеле приговор за објавување на нивните имиња во документите. Судијката, исто така, наредила некои од имињата сепак да бидат редактирани, бидејќи би можеле да ги идентификуваат жртвите на сексуална злоупотреба.  

Поранешниот пилот на Епстајн, Лери Висоски, во 2021 година сведочеше дека Клинтон и Трамп летале со приватниот авион на Епстајн. 

„Други значајни патници беа принцот Ендру, виолинистот Исак Перлман, поранешниот водач на мнозинството во Сенатот, Џорџ Мичел, покојниот сенатор од Охајо, Џон Глен и актерот Кевин Спејси“,

рече тој. 

Со текот на годините, имињата на многу од неговите соработници беа променети во судските документи. Но, минатиот месец, федералниот судија Лорета Преска нареди да се објават документите со речиси 200 имиња. Некои од нив се имиња на лица помлади од 18 години, па ќе останат анонимни. 

Дневниците за планирање на Епстајн, до кои дојде Волстрит журнал, вклучуваа имиња како Вилијам Барнс, директор на ЦИА, и Кетрин Румлер, советник во Белата куќа во времето на Барак Обама. На листата се авторот Ноам Чомски, актерот Вуди Ален, поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд, поранешниот израелски премиер Ехуд Барак. Иако тие биле во неговите дневници, во моментов нема импликација дека тие се поврзани со злосторствата на Епстајн. 

Сите нови детали за активностите на Епстајн би можеле да доведат до дополнителни тужби. 

Во 2019 година, обвинителите поднесоа обвиненија против Епстајн, обвинувајќи го за ограбување и сексуално злоставување на десетици девојчиња, од кои некои имаа само 14 години. Епстајн изврши самоубиство додека го чекаше судењето во затвор. 

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Грипот, загадениот воздух и ковидот ги полнат клинките во Скопје

Следно

Жена касната од улично куче под мостот „Беласица“, каснувања имало и во друго делови од градот

Latest from Blog