Канцеларија за медиуми во Газа: Израел фрли 65.000 тони експлозив на Појасот Газа

January 4, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Канцеларијата за медиуми во Газа вчера соопшти дека израелската Армија го бомбардирала Појасот Газа со повеќе од 45.000 проектили и бомби кои тежат повеќе од 65.000 тони, пренесува Анадолу.

„Окупациските авиони фрлија над 45.000 проектили и џиновски бомби, од кои некои тежеле еден тон експлозиви, за време на сеопфатната геноцидна војна на Појасот Газа, намерно гаѓајќи цели станбени области“, се вели во извештајот.

Тежината на експлозивот што Армијата го пушти во Појасот Газа надмина 65.000 тони, што е повеќе од тежината и моќта на трите нуклеарни бомби фрлени врз јапонскиот град Хирошима.

Канцеларијата соопшти дека околу „две третини од бомбите и проектилите … се неводени и непрецизни, попознати како неми бомби“.

Се истакнува дека употребата на такви бомби укажува на „намерно целење кон неселективно и неоправдано убивање од страна на окупацијата, јасно и експлицитно кршење на меѓународното право и разни меѓународни конвенции“.

Канцеларијата ја документираше употребата на Израел на околу девет меѓународно забранети бомби и проектили против цивилите, децата и жените.

Бомбите идентификувани од Канцеларијата вклучуваат „бомби кои уништуваат бункер од типовите BLU-113, BLU-109, SDBS, американски тип (GBU-28), водени од ГПС-системи за уништување на инфраструктурата, бел фосфор, паметни бомби и ракети Халберд Гудум“.

Се нагласува дека бомбите предизвикале „масовни убиства и повреди во рок од неколку секунди, покрај тоа што предизвикувале трајна штета на повредените, како што се деформитети и инвалидитет, заедно со еколошките ризици кои произлегуваат од ослободувањето токсично зрачење“.

Канцеларијата за медиуми ја повика меѓународната заедница и меѓународните организации „да ја запрат сеопфатната геноцидна војна што Армијата ја води против цивилите, децата и жените за 89 дена континуирана агресија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Панамскиот канал треба да се спасува, а тоа ќе биде скапо и малку возможно

Следно

Николов: За седум години СДС и ДУИ на власт во здравството има само корупција и непотизам

Latest from Blog

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да
Go toTop