УНИЦЕФ: Децата во Газа се во непосредна опасност од смрт поради акутна неисхранетост

January 4, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, издаде предупредување во врска со непосредниот ризик од смрт на децата во Појасот Газа поради акутната неисхранетост, јавува Анадолу.

„Времето истекува. Многу деца веќе се соочуваат со тешка акутна неисхранетост во Газа. Како што се засилува заканата од глад, стотици илјади мали деца наскоро би можеле да бидат сериозно неисхранети, а некои се во опасност од смрт“, објави Кетрин Расел на социјалната мрежа X.

Таа нагласи:

„Не можеме да дозволиме да се случи тоа.“

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси два милиони жители се раселени.

Оттогаш загинати се најмалку 22.313 Палестинци, а 57.296 се повредени, според Министерството за здравство на Газа. Се смета дека во нападот на Хамас се загинати скоро 1.200 Израелци.

Се верува дека Хамас држи најмалку 129 израелски заложници по нападот на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Д-р Беќаровски за загадувањето и вирусите: Затоа сѐ почесто одиме на погреби, отколку на мекици

Следно

Распишан меѓународниот конкурс за поезија „Антево слово 2022-23“ во Сицилија, Италија

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop