Мицкоски има законска обврска да се консултира со Ковачевски и Ахмети за техничката влада

January 3, 2024
2 mins read

„Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на РСМ, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број пратеници во Собранието на РСМ“ – пишува во Законот за Владата

Во пресрет на формирањето на техничката влада за изборите во 2020 година, кон крајот на 2019 г. Мицкоски се сретна со Заев и со Ахмети при што го предложи Драган Ковачки за министер за внатрешни работи. Тоа не беше прифатливо за СДСМ, по што ВМРО-ДПМНЕ излезе со нов предлог за шеф на ресорот полиција во техничката влада

Законот за Владата ја обврзува ВМРО-ДПМНЕ да се консултира со СДСМ и со ДУИ за техничката влада која треба да биде избрана на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори договорени за 8 мај годинава. Обврската се однесува на името на кандидатот за министер за внатрешни работи, а произлегува од членот 44, став 2 од Законот за Владата.

Челн 44, став 2 од Законот за Владата

„Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на РСМ, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број пратеници во Собранието на РСМ“,

пишува во член 44, став 2 од Законот за Владата.

На тема – средба во пресрет на формирањето на техничката влада, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска ја продолжија јавната полемика. Но, датум за средба се уште нема.

Мицкоски во интервју за „Прес 24“ рече дека нема потреба од никакви тајни средби со Ковачевски бидејќи, како што рече, со него нема ништо тајно за споделување. „Јас знам дека кога и да имаме средба, за тоа ќе биде известена јавноста“, вели Мицкоски. На ова Ковачевски одговори дека не гледа потреба од тајни средби. „Кога ќе имаме средба, таа ќе се случи во јавен простор – дали во Клубот на пратеници, во Собранието, на улица ‘Македонија’ во некое кафуле“, коментираше премиерот.

Веќе воспоставена практика

Консултации за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи се случија и пред формирањето на техничката влада на почетокот на 2020 година.

Средбата на тогашниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се одржа на 28 декември 2019 година пред најавениот избор на техничката влада на 3 јануари 2020 година. Истиот ден, Мицкоски имаше разговори и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На тие средби, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ предложи армискиот полковник Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во владата задолжена за спроведување на парламентарните избори што не беше прифатено од СДСМ.

Образложението на владејачката партија беше дека уставната одредба од член 97 не дозволува армиски старешина да биде на чело на ресорот за внатрешни работи:

„Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Неколку дена подоцна од ВМРО-ДПМНЕ стигна нов предлог за министер за внатрешни работи во техничката влада – Наќе Чулев.

Тој заедно со другите кандидати беше потврден за член на Владата на 3 јануари во пресрет на изборите кои беа договорени да се одржат на 12 април. Но, поради ковид-пандемијата, првичниот датум отпадна и изборите се случија на 15 јули 2020 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Чучер Сандево, пронајдена дрога

Следно

(ВИДЕО) Русија и Украина разменија стотици воени заробеници

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop