ЕУ ги осуди експлозиите во Иран како терористички чин: Насилниците мора да одговараат

January 3, 2024
1 min read

Во две експлозии предизвикани од „терористички напади“ во Иран загинаа повеќе од 100 луѓе, а десетици беа ранети, на одбележувањето на годишнината од смртта на воениот командант Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилотно летало во 2020 година, објавија иранските власти

Европската Унија побара сторителите на двeте експлозии во кои загинаа најмалку 103 лица во толпата луѓе собрани за да го одбележат убиството на генералот Касем Сулејмани, да бидат изведени пред лицето на правдата.

„ЕУ најостро го осудува денешниот бомбашки напад во градот Керман во Иран. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Овој чин на терор донесе шокантна бројка на цивилни жртви и повредени. Нашите мисли сега се со жртвите и нивните семејства. Насилниците мора да одговараат“,

наведе портпаролот на ЕУ во соопштение.

Во две експлозии предизвикани од „терористички напади“ во Иран загинаа повеќе од 100 луѓе, а десетици беа ранети, на одбележувањето на годишнината од смртта на воениот командант Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилотно летало во 2020 година, објавија иранските власти.

Иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на сигурни извори, објави дека „експлодирале две вреќи со бомби“ во близина на гробницата. Бомбите очигледно биле активирани со далечински управувач, додава агенцијата.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди рече дека безбедносните власти ќе одговорат „брзо и силно“ на двојните бомбашки напади.

Вахиди рече дека повеќето од жртвите во југоисточниот град Керман биле убиени во вториот бомбашки напад.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање, директорите на М-НАВ се чувствувале загрозени од него

Следно

Претрес во Чучер Сандево, пронајдена дрога

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop