Израелски дрон уби најмалку 6 лица во Бејрут

January 3, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Во напад на израелско беспилотно летало на либанската престолнина Бејрут вчера убиени се најмалку 6 лица, меѓу кои и Салех ал-Арури, заменик-лидерот на Хамас, пренесува Анадолу.

Палестинската група Хамас го потврди убиството на Салех ал-Арури, заменик-лидерот на Хамас, како и на двајца команданти на бригадите Ал-Касам, нивното вооружено крило.

Либанската Национална новинска агенција претходно објави дека Ал-Арури е убиен во напад на израелско беспилотно летало врз Канцеларијата на Хамас во Мечреф, во јужен Бејрут. Агенцијата соопшти дека во нападот се убиени најмалку 6 лица.

Ал-Арури е највисоко позициониран лидер на Хамас што Израел го убил од 7 октомври, кога избувнаа судирите во Газа.

Тензиите се разгореа покрај границата меѓу Либан и Израел во време на повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, станбените објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 7:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември, по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 22.185 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 57.035 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Во израелските бомбардирања од воздух, копно и море животот го загубија повеќе од 8.800 деца и над 6.300 жени, при што околу 2 милиони луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостатокот на храна и чиста вода.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат Израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И вечерва ќе има музика на плоштад „Македонија“ – еве кој настапува

Следно

Работниците на „Еуроникел индустри” бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop