Вучиќ ги отфрла барањата за меѓународна истрага за изборните неправилности во Србија

January 2, 2024
1 min read

Коментирајќи ги оценките на странските медиуми дека на Србија и е потребна „нова опозиција“, Вучиќ рече дека не го интересира кој сака поинаква влада и опозиција во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ го отфрли барањето на дел од опозицијата во земјата за меѓународна истрага за наводни изборни нерегуларности, наведувајќи дека изборите во Србија се прашање на државните институции.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Според него, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), неодамнешните избори во Србија се одржале со „никогаш помалку приговори“, како и дека претставниците на партиите од листата на „Србија против насилството“, ги потпишале сите засписници на избирачките места.

„Странските набљудувачи од нивните сестрински партии го потпишаа записникот. Се сетија дека имаат проблем кога видоа дека загубија во Белград и тоа убедливо. Во јули-август губевме со дури осум отсто во Белград, но успеавме да победиме. Тоа се драматични промени, и тие Гонзалеси и други чуда на мачката за опашката“,

изјави Вучиќ денеска по посетата на градилиштето на тунелот Иришки венец на Фрушкогорскиот коридор кај Нови Сад.

Според неговите оценки, опозицијата водела кампања под мотот „Го мразам Вучиќ“.

„Имате хомогенизирано јадро на луѓе кои ме мразат, но тоа не носи нови гласови, таквата кампања ги одзема гласовите на обичните луѓе“,

рече Вучиќ.

Коментирајќи ги оценките на странските медиуми дека на Србија и е потребна „нова опозиција“, Вучиќ рече дека не го интересира кој сака поинаква влада и опозиција во Србија.

„Не ми е грижа што зборуваат странските медиуми и влади, нека се занимаваат со себе и со своите проблеми, а некои имаат повеќе проблеми од нас. Каква ќе биде власта и опозицијата во Србија, за тоа се прашуваат граѓаните на Србија“,

рече српскиот претседател.

Инаку, граѓани на Србија протестираат од 18 декември на покана на најсилната опозициска коалиција „Србија против насилство“, која бара поништување на изборите, од каде велат дека имало изборна кражба. Владата демантираше, а извештаите од домашни и меѓународни набљудувачи укажуваа дека има изборни нерегуларности, потсетува РСЕ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инциденти во Драчево – едно лице е тешко повредено во тепачка, се „рушело“ и во угостителски објект

Следно

(ВИДЕО) Нова година, стари редици за замена на личните документи

Latest from Blog

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува
Go toTop