Веднаш по формирањето на техничката Влада, во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија во врска со истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и ќе се поднесат соодветни дисциплински постапки ако се утврди дека се направиле клучни пропусти во истрагата, најави Наќе Чулев во интервју за порталот Курир.мк.
Веднаш по формирањето на техничката Влада, во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија и во двата кривично правни случаи. Врз основа на тоа што ќе биде утврдено во рамки на внатрешната ревизија, против сите оние кои направиле клучни пропусти во истрагата со несовесно, непрофесионално и нестручно постапување, ќе се покренат соодветни дисциплински постапки, а истовремено и ќе се информира и ОЈО за ГОКК за новите информации и елементи од истрагата. Доколку има елементи ќе се поднесат и соодветни кривични пријави до ОЈО за ГОКК. Воедно, за сите нови моменти од истрагата транспарентно ќе се информира македонската јавност. Истовремено, ќе се направат максимални обиди со цел што е можно побрзо изведување на главниот осомничен пред лицето на правдата. Убиствата на малолетничката Вања и Панче се само врв на сантата мраз кога е во прашање нестручно и непрофесионално постапување на МВР под раководство на Оливер Спасовски. Нашите сознанија зборуваат дека истрагата можела многу поквалитетно и поефикасно да се спроведе, а доколку не се направени сериозни професионални и стручни пропусти и се преземени должни дејствија кои согласно полициските и криминалистичките процедури требало да се преземат, сигурно можело и да се превенира киднапирањето и последователното убиство на Вања. И тоа пред сѐ, е резултат на лошите кадровски и менаџерски политики на раководството на МВР, вели Чулев.
Според него, целокупниот разузнавачко-безбедносен систем е на колена, а состојбата е загрижувачка и хаотична.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.