Најмалку четири лица загинаа, 90 се повредени во руските воздушни напади врз Киев и Харков

January 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 90 се повредени во воздушните напади на руските сили во главниот украински град Киев и во Харков. Нападите беа извршени откако рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека саботниот украински напад врз Белгород нема да помине неказнето, јавува Анадолу.

„Санирањето на последиците од уште еден руски напад е во тек… Киев и регионот, Харков. Засега се знае за 92 ранети. Секој добива помош. За жал, четири лица загинаа“, рече украинскиот претседател Зеленски преку Телеграм.

Посочувајќи дека се вклучени сите неопходни служби, вклучително и над 500 спасувачи од украинската Државна служба за вонредни состојби, Зеленски истакна дека од 31 декември Русија употребила околу 170 беспилотни летала и десетици ракети од различен тип, а повеќето, според него, биле насочени кон цивилни објекти.

„Им благодарам на сите партнери што помагаат во зајакнувањето на нашиот воздушен штит. И очигледно е дека тоа помага да се спасат стотици животи секој ден и секоја ноќ, кои би биле одземени од рускиот терор ако не беа ‘Патриотите’ и другите одбранбени системи“, рече понатаму Зеленски, додавајќи дека Русија „мора да ги почувствува последиците од тоа што го прави“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку Телеграм соопшти дека една постара жена загинала во главниот град на Украина, додека 33 лица се повредени, од кои 32 хоспитализирани.

Исто така, Руслан Кравченко, гувернер на регионот Киев, рече дека две лица загинале, а 11 се повредени, меѓу кои и едно дете.

Украинскиот приватен снабдувач со енергија ДТЕК извести дека во неколку подрачја на Киев е исклучена струјата.

Во меѓувреме, градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека едно лице загинало, а 45, меѓу кои пет деца на возраст од шест до 13 години, се повредени во градот.

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валери Залужни, тврди дека воздушната одбрана на земјата соборила 35 беспилотни летала и 72 различни вида ракети.

Реагирајќи на украинскиот напад врз градот Белгород во саботата, во кој загинаа најмалку 25 лица, Путин вчера изјави дека Русија нема да дозволи „злосторство од ваков вид“ да помине „неказнето“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во првиот ден од новата година казнети 74 возачи во Скопје

Следно

Прв коментар на Дрин Ахмети: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци

Latest from Blog

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Фото: Барселона Х Промената на стадионот за натпреварот на Барселона против Валенсија (6:0) донесе уште една непријатност. Шампионите на Ла Лига играа пред само 6.000 гледачи на „Јохан Кројф“ во својот тренинг-центар,

Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и

Ќе се отвори „златно доба“ на нуклеарна енергија: САД и Велика Британија со заеднички проекти

САД и Обединетото Кралство во неделата објавија широка серија договори за нуклеарна енергија во кои повеќе водечки американски нуклеарни компании ќе градат проекти во странство. Договорите вклучуваат план за изградба на 12 реактори во Хартлпул со „Центрика“, создавање 2.500

Драма на небото над Хрватска: Авион итно слетал во Загреб откако се појавил чад во кабината

Околу 8 часот наутро, авион на „Еуровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб. Како што потврди за „Дневник.хр“ портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек, екипажот побарал итно слетување откако
Go toTop