Регистрирана една жртва во силниот земјотрес во Јапонија

January 1, 2024
3 mins read

Во меѓувреме Јапонија го уника предупредувањето за цунами од највисоко ниво, што беше издадено претходно, но предупредувањата за можни опасни морски бранови предизвикани од потресите и понатаму остануваат на сила

По серијата земјотреси што го погодија главниот јапонски остров Хоншу, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, јапонските медиуми јавуваат за првата регистрана жртва во разорниот потрес. 

Штети од земјотресот во Јапонија / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Станува збор за лице кое загинало по уривање на зграда во префектурата Ишикава, објави Ројтерс, цитирајќи ја јапонската телевизија НТВ, а пренесува британски „Гардијан“. Повеќе детали не се соопштени.  

Засега нема информации за други загинати лица, како и за бројот на повредени, иако силниот земјотрес предизвика големи материјални штети, како урнати згради, пожари и оштетена друга инфраструктура. 

Во меѓувреме Јапонија го уника предупредувањето за цунами од највисоко ниво, што беше издадено претходно, но предупредувањата за можни опасни морски бранови предизвикани од потресите и понатаму остануваат на сила.    

Јапонската метеоролошка агенција извести за десетици земјотреси во Јапонското Море во близина на брегот на Ишикава и околните префектури нешто по 16 часот. 

Најмалку 30 објекти се срушиле досега во префектурата Ишикава, соопшти локалната противпожарна служба во градот Ваџима.  

Претходно владиниот портпарол Јошимаса Хајаши изјавил дека голем број домови се оштетени од земјотресите, со повеќе луѓе заробени внатре. Имаше известувања за пожар во градот Ваџима, а електричната енергија била исклучена за повеќе од 30 000 домаќинства, рекол тој.  

Метеоролошката агенција на Јапонија првично издаде предупредување за цунами од највисоко ниво цо префектурата Ишикава и предупредување за цунами на пониско ниво или совети за остатокот од западниот брег на островот Хоншу, како и за најсеверниот од неговите главни острови – Хокаидо. 

Неколку часа подоцна предупредувањето потоа беше сведено на категорија на редовно цунами, што значи дека брановите може да достигнат до 3 метри. 

Афтершокови, исто така, може да ја погодат истата област во текот на следните неколку дена, се вели во извештајот, на агенцијата.  

Инаку, во изминатите неколку часа, земјотресите продолжуваат да ја тресат централна Јапонија,  

Околу 60 потреси биле регистрирани од 16 часот по локално време (07:00 според Гринич), кога земјотресот со јачина од 7,6 степени го погоди регионот Ното. 

Земјотресите кои следеа биле со јачина од 3 до 6,1 степени, според Рихтеровата скала.  

Метеоролошката агенција Апан денеска на втората прес-конференција предупреди дека сè уште постои „многу висок ризик“ од уривање на згради, а силните потреси би можеле да продолжат „во следните два до три дена“. 

Официјален претставник на таа агенција ги повика луѓето во крајбрежните области да се евакуираат и им порача на жителите да не ги напуштаат безбедните места. 

Иако „предупредувањето за големо цунами“ сега е намалено на „предупредување за цунами“, жителите сè уште се советуваат да се евакуирани бидејќи сè уште трае опасноста од цунами, пренесува британскиот национален сервис.  

„На пристаништето Ваџима, Ното, префектурата Ишикава, висината на цунамито е 1,2 метри, а во Тојама е 0,8 метри. Како што може да видите, ние исто така ги следиме цунамијата. Во моментов ги следиме цунамијата“,

рекол Тоширо Шимојама од Јапонската метеоролошка агенција. 

На подготвеност од нови потреси жителите на погодиниот регион, денеска ги предупреди и јапонскиот премиер, Фумио Кишида.  

„Жителите мора да останат внимателни поради можноста од последователни потреси. Ги повикувам луѓето во областите каде што се очекува цунами да ги се евакуираат што поскоро“,  

рече Кишида.

Јапонскиот премеир Фумио Кишида во обраќање пред медиумите по серијата земјотреси на западниот брег на земјата / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Во областа погодена од земјотресот има нуклеарна централа, соопшти компанијата за електрична енергија на Токио (Tokyo Electric Power Co). Операторот на постројката рече дека проверува дали има проблеми, но засега нема извештаи за некакви неправилности. 

Русија, исто така, претходно издаде предупредување за цунами во далечните источни градови Владивосток и Находка, објави државната новинска агенција ТАСС.

Делови од рускиот остров се евакуирани поради закана од цунами, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. На жителите во областите долж западниот брег на островот Сахалин, кој се наоѓа во близина на Јапонија на рускиот брег на Тихиот Океан, им било кажано да го напуштат, јави државната новинска агенција ТАСС, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во куќа во с.Кучевиште пронајдено починато лице

Следно

„Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015″ – нова книга на Дејан Трајкоски

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop