Бригадите Ал Касам: Запленето е израелско беспилотно летало во северниот дел на Газа

January 1, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, соопшти дека во северниот дел на Газа запленило беспилотно летало на Израел, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Бригадите Ал Касам се вели дека во Бејт Ханун, кој се наоѓа во северниот дел на Газа, е запленето израелско беспилотно летало кое служело за разузнавачки цели.

Од друга страна, военото крило на движењето Исламски џихад, Бригадите Ал Кудс, соопшти дека од утринските часови се водат судири со израелските сили кои влегле во источните и северните делови на градот Хан Јунис во јужниот дел на Газа.

Меѓу другото, военото крило на Демократскиот народен ослободителен фронт на Палестина, Националните бригади на отпорот, нагласи дека водат жестоки судири со израелските сили во централните делови на Хан Јунис.

Националните бригади на отпорот исто така соопштија дека таргетирано е и едно воено возило на Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топ 10 најчитани вести на „360 степени“ за 2023 година

Следно

Спасовски: Обвинителството ќе оцени како ќе постапува во случајот со Дрин Ахмети

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop