Евакуирајте се што поскоро – повик од јапонскиот премиер до жителите кои се во опасност од цунами по силниот земјотрес

January 1, 2024
1 min read

Според метеоролошката агенција, се верува дека цунами со бранови високи до пет метри ќе стигнат до Ното во префектурата Ишикава

Земјотресот се случил во морето близу западниот брег на островот Хоншу / ФОТО: Европски медитерански сеизмолошки институт

Јапонските власти ги повикаа жителите на неколку крајбрежни области да се евакуираат поради опасност од цунами по серијата земјотреси што се случија во близина на западниот брег на островот Хоншу, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени. Сеизмичките служби низ светот утрово регистрираа вкупно 21 земјотрес за еден ипол час, сите со јачина поголема од четири степени. Најсилниот земјотрес бил со длабочина од 13 километри, а епицентарот бил на 90 километри северно од градот Такаока и 47 километри од Анамизу. Во делови од брегот на Јапонското море веќе има бранови високи еден метар.

Според првичните информации за штетите, илјадници луѓе останале без електрична енергија, а железничкиот и воздушниот сообраќај биле прекинати во погодените региони.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за силна сеизмичка активност во следната недела, особено во следните два до три дена, истакнувајќи дека земјата би можело повторно да ја погоди земјотрес со јачина од 7 степени.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида / ФОТО: EPA-EFE/KIM KYUNG-HOON

Властите се уште ги проценуваат штетите, но жителите мора да се подготват за нови земјотреси, предупреди премиерот Фумио Кишида.

„Жителите мора да останат внимателни поради можноста од последователни потреси. Ги повикувам луѓето во областите каде што се очекува цунами да ги се евакуираат што поскоро“,

рече Кишида.

Според метеоролошката агенција, се верува дека цунами со бранови високи до пет метри ќе стигнат до Ното во префектурата Ишикава.

Од жителите на крајбрежната област Ното во префектурата Ишикава беше побарано „веднаш да се евакуираат на повисоките места“, пренесува телевизијата. Јавната телевизија објави „ЕВАКУИРАЈ“ со големи букви повикувајќи ги жителите да бегаат.

Метеоролошката агенција на Јужна Кореја објави дека по земјотресот може да се зголеми нивото на морето во источната провинција Гангвон.

Во областа погодена од земјотресот има нуклеарна централа, соопшти компанијата за електрична енергија на Токио (Tokyo Electric Power Co). Операторот на постројката рече дека проверува дали има проблеми, но засега нема извештаи за некакви неправилности.

На медиумите и на социјалните мрежи се објавија повеќе видеа од куќи како се тресат, жители како се кријат под масите, дури и од уривање на еден објект. Зградите се треселе дури и во главниот град Токио, иако тој се наоѓа на спротивниот брег од островот Хоншу.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како помина дочекот на Новата по македонските градови

Следно

Маричиќ со владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop