Путин речиси и да не ја спомна Украина во неговиот новогодишен говор

December 31, 2023
1 min read

На почетокот на декември, Путин објави дека ќе се кандидира за петти мандат на функцијата на изборите што треба да се одржат во март 2024 година

Рускиот претседател Владимир Путин повика на обединета поддршка за руската армија во неговото годишно новогодишно обраќање, без експлицитно да се осврне на војната што ја води во Украина, пренесува Би-би-си.

Лидерот на Кремљ ги поздрави своите војници како „херои кои секогаш се во првите редови на борбата за вистината“.

Тој се осврна и на економските прашања, клучна тема за многу Руси и ја прогласи 2024 година за „година на семејството“.

Минатата година, Путин го одржа својот говор опкружен со војници и објави повици за жртва во име на опстанокот.

Оваа година тој се врати на традиционалната позадина на Кремљ, говорејќи сам.

„До сите што се на борбено место, во првите редови на борбата за вистина и правда. Вие сте нашите херои, нашите срца се со вас. Горди сме на вас, се восхитуваме на вашата храброст“,

им порача рускиот претседател на руските војници.

Тој ги спомна илјадниците руски жртви во војната со Украина, како и убиените во пограничниот град Белгород за време на викендот.

„Не еднаш докажавме дека можеме да ги решиме најтешките проблеми и никогаш нема да се повлечеме, бидејќи не постои сила што може да не подели“,

рече рускиот претседател.

Претходно снименото обраќање беше емитувано на државната телевизија непосредно пред полноќ во секоја од 11-те временски зони во Русија.

На почетокот на декември, Путин објави дека ќе се кандидира за петти мандат на функцијата на изборите што треба да се одржат во март 2024 година.

Според странските медиуми, со оглед на тоа што опозиција речиси непостоечка и руските медиуми целосно под негова контрола, се верува дека победата на Путин е неизбежна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опожарени две возила во Скопје

Следно

Намален бројот на склучени бракови, но и на разводи – Софија и Лука најпопуларни имиња за бебиња минатата година

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop