„Нетанјаху е луд. Вакви масакри не сум видел во животот“, изјави режисерот Оливер Стоун

December 31, 2023
2 mins read

ИСTАНБУЛ (АА)

Славниот американски режисер и сценарист, Оливер Стоун, во врска со израелските напади на Појасот Газа рече дека никогаш во животот не видел ваков масакр, пренесува Анадолу.

Зборувајќи на онлајн преносот на американскиот активист Хозе Вега, Стоун, познат по своите изјави за меѓународната политика, ги коментираше израелската политика и случувањата во Газа.

Зборувајќи дека Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, полудел, Стоун ја критикуваше и безусловната поддршка што САД му ја даваат на Израел.

– „Израел сака да направи нуклеарна бомба со збогатен ураниум“

Зборувајќи дека Израел „нелегално поседува нуклеарна бомба“, но многумина за тоа не се свесни, Стоун истакна дека критичното прашање е кој ќе поседува збогатен ураниум.

Стоун потсети да збогатениот ураниум не е потребен за производство на енергија и рече дека Израел тежнее кон збогатен ураниум.

„Тие тежнеат да имаат збогатен ураниум. Тоа е она што всушност ги интересира. Тие сакаат да изработат бомба, за да го разнесат Иран“, рече Стоун.

– „Нетанјаху потполно полудел“

Наведувајќи дека во минатото се запознал и го интервјуирал израелскиот премиер Нетанјаху, Стоун рече дека кога го сретнал пред многу години, за Нетанјаху мислел дека е луд.

Потенцирајќи дека Нетанјаху е сѐ полош и полош, Стоун рече дека Нетанјаху потполно полудел и оцени дека нападите на Израел во Газа „ги оправдуваат како освета“.

Кажувајќи дека е ужаснат од израелските напади на Газа, каде од 7 октомври се убиени повеќе од 20.000 Палестинци, Стоун рече: „Никогаш во животот не сум видел ваков масакр“.

Стоун го критикуваше пристапот на израелската администрација кон палестинската политика и нејзиниот план Палестинците што живеат во Газа да ги пратат во Египет.

„Како да се елиминира политичко движење? Тоа никогаш не е сторено во историјата на светот. Како можете да ги убиете сите? Да ги одвоите и да ги пратите во Египет?“, запраша Стоун.

Замолувајќи да не го нарекува „антисемитист“, Стоун продолжи со зборовите: „Никој не е антисемитист освен неколку луди луѓе. Тука се работи за правда, мир, рамнотежа и основни човечки вредности“.

Стоун додаде дека не може да разбере дека Израел убива Палестинци на ваков начин, и посочи дека, иако се надевал дека ситуацијата во регионот ќе биде подобра, таа станувала се полоша.

– „Не можеме да го поддржуваме Израел цело време“

Стоун, кој ја критикуваше и целосната поддршка што САД ѝ ја даваат на Израел, го критикуваше и претседателот Џо Бајден што му дал на Израел „сѐ што ќе посака“, оценувајќи дека Доналд Трамп би можел подобро да го спроведе тој процес.

Потенцирајќи дека безусловната поддршка што му се дава на Израел не може да се одржи, познатиот американски режисер Стоун рече: „Не можеме тоа постојано да го правиме, не можеме постојано да го поддржуваме Израел“.

Стоун велејќи дека сака САД да ги прекине односите со Израел, заклучи: „Она што јас би сторил, би побарал да се прекинат сите односи со администрацијата на Нетанјаху.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од ВМРО-ДПМНЕ ја честитаат Новата година со смешни видеа!

Следно

Земјите од Австралија и Океанија веќе влегоа во новата година

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop