(ВИДЕО) NMK наместо МК или MKD не на регистарските таблички туку на производи по маркетите

December 31, 2023
3 mins read

Откривме редица производи по супермаркетите на кои наместо „МК“ или „MKD“ недозволено е употребен кодот „NMK“. И не само што кодот се употребува во спротивност со Договорот од Преспа, туку ниту една домашна институција не врши надзор над спроведувањето на одредбите од спогодбата меѓу Северна Македонија и Грција

Во минатите изданија на „360 степени“ известивме дека NMK се користи спротивно на одредбите од Договорот од Преспа од страна на соседна Србија. Меѓународниот код NMK, кој треба да се употребува само за регистарските таблички на возилата од земјава, северниот сосед го користи и на патните знаци по автопатот кон Северна Македонија

Пред еден месец, известивме дека соседна Србија го користи кодот НМК на патните знаци кон земјава, иако според договорот од Преспа, треба да стои МК.

„Веруваме дека соседна Србија, со која негуваме одлични билатерални односи, ќе постапи по нашето барање, односно дека ќе ја коригира вертикалната сигнализација и ќе го постави правилниот меѓународен код за Република Северна Македонија, МК односно МКД и тоа час поскоро“,

изјави поранешната амбасадорка и актуелна директорка на Директоратот за билатерални односи со земјите од Југоисточна Европа, Јадранка Чаушевска-Димов.

Сега, од соседството, погледот го насочивме кон сопствениот двор. Наместо да важат договорените меѓународни кодови МК и МКД, пропусти најдовме и кај производите кои се наоѓаат на македонските полици.

Кој набљудува и кој е одговорен за правилно користење на меѓународните кодови по дома?

И тие луѓе што читаат декларации на производите, најчесто го прават тоа за да го проверат рокот на траење или составот на производот.

Нас, сепак, не интересираше кодот на декларацијата за земјава. Најголемиот дел од декларациите беа правилно означени со МК или МКД. Но на некои производи наидовме на „Н.МК“, „НМК“ или СМК, како на хартија за бришење раце, густ сок, маслиново масло, а и погрешна декларација на вреќа со гипс.

Како е можно среде земјава да има толку видливо прекршување на Договорот од Преспа? Патот по одговори го почнавме од институцијата која е надлежна за надзор над пазарот – Државниот пазарен инспекторат.         

„Декларацијата мора да биде комплетна. Декларациите треба да ги содржи најмалку следните податоци: назив на стока, односно име под кое стоката се става во промет, состав на стоката, начин на одржување на стоката, начин на употреба на стоката, датум на производство и рок на употреба, име и назив на производителот доколку има свој знак за разликување на стоката, предупредување за можна опасност при употреба на стоката…“,

изјави Александра Котели од Државен пазарен инспекторат, притоа неспомнувајќи никаде регулатива за кодовите на декларациите.

Александра Котели, Државен пазарен инспекторат

Со други зборови, Пазарна проверува многу елементи од декларацијата, но не и кодот. Не упатија нашите прашања да ги поставиме до Министерството за економија.

Оттаму пак на прашањето за институционална усогласеност во рамки на меѓународните кодови, се повикуваат на базичните информации кои еден производ треба да ги содржи од Законот за заштита на потрошувачите во членовите 6 и 38 па потенцираат:

„Законот за заштита на потрошувачи во надлежност на Министерството за економија не ја уредува употреба на кодови односно МК и МКД кодот, само ја пропишува обврската на трговецот за информирање на потрошувачот за производот или услугата што ги/ја нуди. Министерството за економија нема надлежност да го регулира прашањето по однос на користење на кодовите, односно трговците постапуваат согласно насоките кои се дадени официјално за сите“,

се вели во ставот кој ни го испратија од Министерството.

Следната институција која ја побаравме, бидејќи има директна работа со декларациите на производите, беше Агенцијата за храна и ветеринарство. Директорот Николче Бабовски, потенцира дека ознаките на производите мора да бидат читливи и јасни за потрошувачите. Меѓутоа и тој вели дека не постои институција која дала какви било директиви или упатства по Договорот од Преспа. При постапувањето се водат според Правилниците на Агенцијата, а за производите со несоодветно означување, вели, ги третираат како небезбедни.

Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Доколку се појави во било кој маркет или малопродажба производ кој има несоодветен код, кај нас значи во употреба е кодот МК. НМК или било кој друг код не е авторизиран. Не е одобрен и во тој случај кога производот се наоѓа со неодобрен код или декларација, ние како институција, без разлика на неговите карактеристики, го сметаме за небезбеден производ. Тој производ треба да се отстрани од промет“, потенцира Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

360°: Ама еве ние најдовме такви производи.

„Доколку се најдат такви производи во било која фаза на продажба, ги замолувам на бесплатниот телефон или нашата веб страница потрошувачите одма да го пријават тој производ. Бидејќи тој може според своите карактеристики да е безбеден, меѓутоа чим нема соодветна декларација, одма според нашето законодавство тој производ се смета за небезбеден. И се додека не се отстрани тој недостаток, не се постапи според позитивните законски решенија, значи кодот којшто треба да стои треба да биде МК бидејќи моментално во употреба е тој код“, изјави Бабовски.

360°: Како влегол во државата?

„Тоа самите увозници одговараат. Бидејќи имаме производи кои што директно доаѓаат кај самите производители во зависност од тоа дали е производот од животинско или не е од животинско потекло. За ни имаме процедури кои заедно со Царина ги спроведуваме“, одговори Николче Бабовски.

Значи, ако производите на чија декларација има код за земјава поинаков од МК или НМК треба да се пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство. Се чини дека пријавувањето е оставено само на граѓаните.

Но, како тие производи воопшто влегле во земјава, прашавме во Царинската управа.

Од Царинската управа, се прогласија за ненадлежни и не упатија одговори да бараме во Министерството за економија.

Ова покажува дека никој не е надлежен да проверува каков е кодот за земјава на декларациите на производите, ниту при увоз ниту во малопродажба. Останува на граѓаните да ловат грешки и да пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО за случајот со Дрин Ахмети: Јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката

Следно

Интерпол се соочува со епидемија на прекуграничен организиран криминал

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop