Најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските напади на Газа во текот на ноќта

December 31, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 25 Палестинци се убиени, а многумина се повредени во нападите што израелската војска ги изведе во текот на ноќта во многу делови на блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Според вестите објавени во палестинската официјална агенција ВАФА, израелската војска изведе напади врз бегалските кампови Деир ал-Балах, Нусејрат и Ал-Мегази, како и регионот Ез-Зеваиде, кој се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа.

Според првичните проценки, во нападите загинаа најмалку 25 лица, голем број се ранети.

Израелски воени авиони ги бомбардираа џамиите „Мухаџирин“ и „Сахабе“ во бегалскиот камп Мегази и џамијата Фуркан во Деир ал-Балах.

Здружението Ес-Салах сместно во бегалскиот камп Мегази исто така беше цел на израелските воени авиони.

Израелските хеликоптери отворија интензивен оган од митралези источно од Хан Јунис на југот од Појасот Газа.

Израелската војска со беспилотни летала ја нападна куќата на семејството Тахрави во градот Рафа, на југот од Појасот Газа. Во нападот има загинати и ранети.

Тенковите на израелската војска интензивно ги гранатираа бегалските кампови Бурајж, Нусејрат и Ал-Мегази кои се наоѓаат во централниот дел на Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишна порака на Ердоган: Запрете го убивањето на беспомошните жени и деца во Газа

Следно

Стоилковски: Дали продавање петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Ахмети?

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop