Израелската војска врши рации на Западниот брег, има ранети и приведени Палестинци

December 30, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 4 Палестинци се ранети, а неколкумина други се приведени во рациите што израелската војска ги спроведува денес во окупираниот Западен брег, известува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелските сили извршиле рација во Хеброј, Наблус, Калкилија и Рамала во раните утрински часови.

Во градот Јата, јужно од Хеброн, избувнаа судири меѓу израелската војска и Палестинците, во кои се ранети 4 Палестинци.

Израелската војска влегувала во куќите и вршела претрес во текот на рациите.

Во градот Азун, источно од Калкилија, исто така избувнале судири меѓу израелската војска и Палестинците.

Израелските војници на револтот на Палестинците одговорија со боеви куршуми, звучни бомби и солзавец.

Цел на рацијата во регионот на Наблус биле Кусра и Брита Наблус, каде израелските сили влегувале во куќи и предизвикувале материјална штета.

Во бегалскиот камп Џалазон, северно од Рамала, војската извршила рации во домовите и привела неколкумина Палестинци.

Тензиите ширум Западниот брег се зголемени откако на 7 октомври избувнаа судирите во Газа меѓу палестинските групи и Израел.

Според палестинското Министерството за здравство, израелските сили од 7 октомври убија 318 Палестинци на Западниот брег, а повеќе од 3.300 се ранети.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци вчера соопшти дека 2023 била регистрирана како „најсмртоносна година“ за Палестинците на Западниот брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесено обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

Следно

Заби кош, прошета по старото маало, покажа на кои роботи се работи: Мицкоски од друг агол во новогодишна епизода

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop