Јужна Африка го тужи Израел за геноцид

December 30, 2023
1 min read

Според Јужноафриканската Република, Израел врши геноцид спротивно на правилата за војување

Израел ги прекрши обврските кон Конвенцијата за геноцид во војната против Хамас и треба да одговара за геноцид, смета Јужноафриканската Република која побара од Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) итно да го обвини Израел за дејствувањата во Појасот Газа. Израел воопшто не се согласува со обвинувањата.

Минатиот месец јужноафриканските пратеници гласаа да се затвори израелската амбасада во Преторија и да се прекинат сите дипломатски односи додека на се договори прекин на огнот во Газа, каде за време на војната се убиени десетици илјади цивили.

Во соопштението на јужноафриканското министерство за меѓународни односи и соработка (ДИРКО) се вели дека пријавата против Израел е поднесена денес.

Во соопштението пишува дека ЈАР побарала од ИЦЈ да прогласи „на итна основа дека Израел ги крши своите обврски од Конвенцијата за геноцид“.

Од Меѓународниот суд на правдата се бара со привремена мерка да побара од Израел да ги прекине своите воени операции во Газа.

ЈАР со децении ја поддржува палестинската борба за државност во областите окупирани од Израел, поистоветувајќи ја позицијата на Палестинците со позицијата на црнечкото мнозинство во Јужноафриканската Република за време на апартхејдот, нешто што Израел жестоко негира.

Ерусалим ја отфрли тужбата како беспредметна клевета без правна основа, тврдејќи дека се придржува до меѓународното право во својата војна во Газа.

„Јужноафриканската Република соработува со терористичка група која повикува на уништување на Израел. Населението на Газа не е непријател на Израел, а Израел се труди да не им нанесе штета на цивилите“,

се наведува во израелското соопштение.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле?

Следно

Поднесено обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

Latest from Blog

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната
Go toTop