Франција ќе ангажира 90 000 полицајци за новогодишната ноќ

December 29, 2023
1 min read

Од нив, 6 000 ќе бидат во Париз каде, според францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, се очекуваат над 1,5 милиони луѓе на „Шанзелизе“

Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90 000 полицајци поради засилени безбедносни мерки, изјави шефицата на разузнавачката служба Селин Бертон.

Од нив, 6 000 ќе бидат во Париз каде, според францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, се очекуваат над 1,5 милиони луѓе на „Шанзелизе“.

Дарманин на прес-конференцијата рече дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што „се случува во Израел и Палестина“.

Тој додаде дека полицијата за првпат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели и дека ќе бидат ангажирани десетици илјади пожарникари и 5 000 војници.

Во фокусот на новогодишната ноќ во Париз ќе бидат Олимписките игри кои ќе се одржат во тој град следната година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судскиот совет бара одговорност од Беса Адеми – отсуствувала од седниците и не пријавила политички закани

Следно

Не работи рентгенот во Градска болница Скопје – директорот вели дека не работи читачот на цедиња

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop