Решението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот суд за МИА.
Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот совет.
– Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи, стои во соопштението од Министерството за правда.
Оттаму дополнуваат дека одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право.
Од Судскиот совет за МИА велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.