Чеченското преземање на Даноне

December 29, 2023
1 min read

Даноне во тој период го финализира договорот за напуштање на Русија кога изненадно Кремљ  прогласува дека руската филијала на Даноне, заедно со онаа на Карлсберг, е ставена под „привремен надворешен менаџмент.“

Наспроти наглиот старт на чеченскиот менаџмент сведоштвата што од таму ги пренесува Фајненшл тајмс покажуваат дека тие речиси ништо не промениле и само ја раководат компанијата на име, додека речиси целото претходно раководство и понатаму е вклучено во секојдневното управување.

ФТ пишува дека чеченските шефови „во основа ја водат компанијата како магистерска задача, прилично професионални и без непотребни инциденти“ што би се очекувале од нив, како мавтање со пиштоли и слично.

По документи прв човек на Даноне е Јакуб Закариев, 33-годишниот внук на Кадиров, меѓутоа Холанѓанецот Чарли Капети неофицијално ги исполнува најголемиот дел од задачите на генерален директор.

За сега во иста постава продолжува да работи и извршниот комитет на компанијата како и пред преземањето, а новото раководство се уште немаат отпуштено ниту еден од менаџерите што ги дочекаа на преземањето. Тие продолжуваат и со непречени контакти со централата.

Неколкуте нови менаџери кои ги дополнуваат постојните структури на Даноне, главно се држат на страна, и како што објаснува ФТ „тие првично изгледаат уплашени да не го расипат основниот бизнис на компанијата, бидејќи секое забавување на производството би било на штета на млекарите и продавачите.“

Едно од објаснувањата за ова е и што комплексноста на производството на млечни производи му дава предност на раководството на Даноне во однос на нивните нови шефови, бидејќи истото бара менаџирање на комплициран ланец на снабдување со бои, вкусови, ферменти и биопластика.

Во позадина централата и понатаму работи со Ротшилд за да ја комплетира формалната продажба на руската филијала, верувајќи дека сепак ќе може да најде купувач што ќе биде одобрен од Кремљ.

Даноне влегува во Русија брзо по падот на СССР, денес тој е најголемиот бизнис со млечни производи во Русија, а на Русија отпаѓаат 5% од годишните приходи на Даноне.

Во времето кога западните компании масовно почнаа да се повлекуваат од Русија по инвазијата на Украина, Даноне порача дека ќе остане затоа што има одговорност кон своите 7.000 локални вработени и млекари кои ја снабдуваа млекарата. Пред да заврши 2022, компанијата се предомисли и објави дека ја напушта Русија.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: На грчката компанија останува да одлучи дали ќе го потпише договорот за „Чебрен“

Следно

УНИЦЕФ: „Бројот на убиени деца во Источен Кудс и на Западниот Брег на застрашувачко ниво во 2023 година“

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop