ОН: „Израелската Армија отвори оган врз хуманитарен конвој во Појасот Газа“

December 29, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските војници отворија оган врз конвој за хуманитарна помош што се враќал од северниот дел на блокираниот Појас Газа, изјави директорот на Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (УНРВА), Томас Вајт, и додаде дека во нападот за среќа никој не бил повреден, јавува Анадолу.

Во пораката споделена на платформата на социјалните медиуми Х, Вајт истакна дека израелските војници отвориле оган врз конвој со хуманитарна помош што се враќал од северниот дел на Појасот Газа.

Станува збор за конвој кој бил нападнат додека бил на рута поставена од израелската Армија, а Вајт потврди дека во нападот нема повредени.

Наведувајќи дека едно возило во конвојот било оштетено во нападот, Вајт рече:

„Хуманитарните работници никогаш не би требало да бидат цел.“

Израелската Армија сѐ уште не го коментираше нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Божиќните празници бесплатен паркинг во Центар

Следно

Ковачевски: На грчката компанија останува да одлучи дали ќе го потпише договорот за „Чебрен“

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа
Go toTop