Хамас: Отворени сме за секој предлог за траен прекин на огнот во Газа

December 29, 2023
2 mins read

БЕЈРУТ (АА) – Осама Хамдан, главниот претставник на палестинската група на отпорот Хамас во Либан и член на нејзиното политичко биро, рече дека се отворени за секој предлог за краен и целосен прекин на огнот во Појасот Газа, но се противат на администрациите наметнати од Израел или Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

За време на прес-конференцијата во либанскиот главен град Бејрут, Хамдан даде информации за хуманитарната ситуација во Газа, за тоа дека Израел ги зел телата на 80 Палестинци и за политичките напори што се спроведуваат.

Истакнувајќи ги бројните злосторства на Израел за време на неговите напади, што траат во Газа веќе 83 дена, тој рече дека „израелските сили ги украле телата на 80 луѓе од различни делови на Газа“.

„Тие ги отворија гробниците, ги извадија телата и им ги украдоа органите. Меѓународниот комитет на Црвениот крст ги предаде овие тела како ништо да не се случило, без да даде никакви изјави за идентитетот на овие тела“, рече тој.

„Бараме од Комитетот на Црвениот крст да објасни како ги примиле овие трупови без никакви информации за тоа како починале овие лица и за нивниот идентитет“, додаде тој.

Хамдан нагласи дека не влегува доволно помош во Газа, поради што луѓето умираат од глад и жед, особено жените, децата, повредените и болните.

Тој повика на итна акција од арапскиот и исламскиот свет и меѓународната заедница за да се обезбеди испорака на храна, особено во северниот дел на Газа.

– Заробениците држени од Хамас и „поразите“ на Израел –

Говорејќи за нападите на Израел во Газа, Хамдан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот Бени Ганц и министерот за одбрана Јоав Галант „тврдат дека за три месеци поминале од една во друга фаза и се залажуваат себеси и народот со лажна победа. Во реалноста се соочуваат со еден по друг пораз.“

Хамдан зборуваше и за заробениците што ги држи Хамас „Нетанјаху мислеше дека може да ги врати заробениците преку воен притисок.“

„Ве предизвикувам да покажете еден заробеник вратен од Нетанјаху без да се поклони на условите на отпорот. Велам јасно можете да ги вратите вашите заробеници само преку воен притисок како безживотни тела или воопшто да не ги вратите.“

– „Нашиот народ сака целосен прекин на огнот“ –

Во однос на политичките напори, Хамдан истакна дека Хамас е отворен за секој предлог за конечен и целосен прекин на огнот во Газа.

„Нашиот народ не сака фрагментиран или привремен, туку целосен прекин на огнот“, рече тој.

Хамдан исто така нагласи дека прашањето за раководењето на палестинскиот народ ги засега Палестинците и дека народот сака национална администрација посветена на отпорот и посветена на постигнување на националните цели, а не влада донесена од израелските или американските тенкови.

Египет подготви „прелиминарен предлог“ за прекин на огнот во Појасот Газа на 27 декември.

Диа Рашван, претседател на Египетскиот државен информативен сервис, вчера рече дека сè уште не добиле официјален одговор од страните за предлогот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новогодишен МСУ водич и матине

Следно

Јанушев: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и за многу бргу време граѓаните ќе осетат подобрување во сите сегменти

Latest from Blog

Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки

На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот

Игри на среќа без правила: Со новиот предлог-закон на удар се 10.000 македонски граѓани и нивните семејства

Спорниот закон за игри на среќа кој беше изгласан од Владата, според достапните податоци од индустријата, става во опасност 10 илјади работни места. Во овој сектор директно се вработени околу 10.000 македонски

Сирија: Израелските планови за дестабилизација на регионот се попречени од напорите на државата и медијаторите

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес изјави дека плановите на Израел да ја поткопа стабилноста на регионот биле осуетени од интервенцијата на надворешните посредници и од напорите на државата, јавува

Трагедија во Охрид – почина 16-годишен мопедист

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал
Go toTop