(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Се враќа ли целосната забрана за пушење на затворено – интервју со министерот Меџити

December 28, 2023
1 min read

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (28 декември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Во ова издание:

– Што конкретно значи пораката – нека му ја мислат пушачите како понатаму; Министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „360 степени“ по најавата за затегање на мерките против пушењето;

– По истражувањето на Центарот за граѓански комуникации: Колку пати Итната медицинска помош не одговорила на барањата за интервенција поради недостиг на тимови – слика од Скопје, Тетово и Битола;

– По дводецениска судска битка за спорна денационализација, неколку домаќинства од Скопје ги спасија домовите; Но, пресуденото на хартија никако да се спроведе: „Нè тепаат, а не ни даваат да плачеме“;

– Зошто на декларациите на некои производи по домашните маркети се користи кратенката „НМК“, а не МК или МКД, како што е меѓународниот код за земјава; Прашавме во четири институции и сите се прогласија за ненадлежни сами да постапат;

– „Саботажа“.

Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонци не смеат да се пријават, се бараат Албанец и Турчин за лекари на ГАК!

Следно

ИДФ одговори на нападите на Хезболах врз Израел со напади врз јужен Либан

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop