Израелската армија жали за воздушниот напад врз бегалскиот камп во Газа во кој загинаа 86 Палестинци

December 28, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската армија денес ја презеде одговорноста за воздушниот напад врз палестинскиот бегалски камп во централниот дел на Појасот Газа, во кој загинаа десетици луѓе, јавува Анадолу.

„ИДФ (армијата) жали за штетата нанесена на оние што не се вмешани и ќе извлече поука од инцидентот“, изјави портпаролот на војската за државната телевизија КАН.

Најмалку 86 лица загинаа, а десетици беа повредени кога борбени авиони на 24 декември извршија напад на две станбени згради во бегалскиот камп Ал-Магази, според локалните здравствени власти.

Израелски воен претставник изјави дека за високиот број загинати во нападот се виновни „несоодветните убојни средства“.

„Типот муниција не одговараше на природата на нападот, предизвикувајќи голема колатерална штета што можеше да се избегне“, изјави претставникот за израелската телевизија КАН.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа како одмазда за прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш најмалку 21.110 Палестинци се убиени, а 55.243 се повредени, според здравствените власти во енклавата.

Израелските напади ја претворија Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси два милиона луѓе се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈАВНО АПЕЛИРАМ ДО КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ДА НЕ ГО КОЧИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Следно

МОН ги промовираше првите дигитализирани интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop