Во Северна Македонија се одржа средба на лицата што дипломирале во Туркије

December 27, 2023
3 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа средба на лицата што дипломирале во Туркије, во организација на Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), јавува Анадолу.

На настанот присуствуваа Неџмедин Билал Ердоган, претседател на Одборот на доверители на Фондацијата за ширење на науката, претседателот на Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), Абдула Ерен, амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Турската демократска партија (ТДП) во Северна Македонија и пратеник, Бејџан Илјас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Северна Македонија (ТМБХ), Ердоган Сарач, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на невладините организации, лицата што дипломирале во Туркије и други гости.

Во својот говор Билал Ердоган ја опиша средбата со лицата што дипломирале во Туркије како многу значајна и убава, и додаде дека во Туркије се школуваат студенти од 180 земји.

Нагласувајќи дека бројот на стипендисти во Туркије надминува 300.000, Билал Ердоган рече дека 16.000 од нив се стипендисти на Директоратот за турска дијаспора и сродни заедници (YTB).

Споредувајќи го ставот на Западот кон руско-украинската војна и кон израелскиот напад врз окупираните палестински територии, Билал Ердоган го постави прашањето: „Дали ќе има забрана за бизнисмените од Израел, кои ги прекршуваат човековите права во окупираните палестински територии за кои во моментов се одговорни и каде непромислено користат конвенционални бомби, особено ненаведувачките бомби, кои Америка не ги користеше во своите најголеми операции, како на пр. во Авганистан и Ирак?”

Наведувајќи дека во меѓународните односи секогаш се кажува „меѓународен систем заснован на правила“, Билал Ердоган истакна дека виделе дека овој систем се распаднал, бидејќи се погазени сите вредности и парадигми на Западот.

Посочувајќи дека Туркије дава помош без да очекува нешто за возврат, Билал Ердоган рече:

„Ги помагаме не само географските подрачја на кои живеат Турците и сродните заедници во странство, туку даваме голема хуманитарна помош и на други територии со посредство на ТИКА, и спроведуваме проекти за економски развој, помагајќи ги институциите, сиропиталиштата на тие простори, без возврат за тоа. Туркије го прави тоа без да очекува нешто за возврат и тоа е точката во која се разликува од Западот.“

Посакувајќи лицата што дипломирале во Туркије да постигнат голем успех и во Северна Македонија и во регионот, Билал Ердоган рече дека Туркије е земјата која на уникатен начин го обезбедува најдоброто образование во светот.

„Образованието не е лесно никаде во светот. Не постои место на светот каде универзитетскиот живот за студентот е мед и млеко. Но Туркије навистина, со својата одлична кујна, храна, гостопримство, величествени глетки, културното богатство и квалитетот на образованието, на еден студент му го олеснува животот и неговото студирање го прави да е најблиското нешто на рајот во светот за студентите“.

Потсетувајќи дека Директоратот за турската дијаспора и сродните заедници е основан во 2010 година, претседателот на YTB, Абдула Ерен рече дека се покажало дека оваа организација всушност е една од институциите кои ја промениле парадигмата на надворешната политика на Туркије во последните 20 години.

Ерен истакна дека под водство на претседателот Ердоган, Туркије покрај класичните дипломатски алатки, за своето историско-културно наследство направила неопходен чекор напред во многу различни области, како што се образованието и културната дипломатија, помошта за социјален развој, и додаде дека институциите, како што е Директоратот за турска дијаспора и сродни заедници (YTB), Фондацијата „Маариф“ и Институтот „Јунус Емре“ се продолжените раце на Туркије кон географијата на срцето.

Нагласувајќи дека географијата на срцето е термин специфичен за Туркије, Ерен рече: „Каде и да одиме во светот, гледаме дека има заедници кои ја поддржуваат Туркије и ја следат Туркије, независно од нивната држава. Ова е најголемата придобивка на Туркије и најголемата одговорност.“

Зборувајќи дека Северна Македонија има посебно значење во програмата за стипендии за Туркије, Ерен​​​​​​​ посочи дека бројките се намалуваат последните години и дека се трудат да направат промотивни програми во таа насока.

Информирајќи дека во светот има 35 асоцијации на лица дипломирани во Туркије, Ерен рече: „Средбите ги организираат овие асоцијации. Имаме одржано повеќе од 130 вакви состаноци во последните 4 години.“

Амбасадорот на Туркије, Секизќок, во своето обраќање изрази сочувство до семејствата на војниците кои загинаа минатата недела и до турската нација.

Зборувајќи дека меѓу приоритетите на Туркије е охрабрувањето на младите да добијат добро образование и да се подготват за живот во Северна Македонија и другите балкански земји, со кои има длабоко вкоренети историски и човечки врски, Секизќок рече:

„Многу сум горд што лично можев да забележам додека ја извршував функцијата тука колку е вредно да се пренесе знаењето и искуството на нашата земја во областа на образованието во Северна Македонија. Додека го правиме тоа, имаме инклузивен пристап кон сите заедници кои ја сочинуваат Северна Македонија, земја покрај која стоиме од нејзината независност.“

Во рамките на програмата говореа и дипломците Екрем Дестанов, Велика Ивковска и Метин Изети. Беше прикажан промотивен филм за Директоратот за турска дијаспора и сродните заедници (YTB), а беа доделени и подароци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Гази Баба подели новогодишни пакетчиња на децата со атипичен развој

Следно

Еден од главните актери од оскаровецот „Паразит“ пронајден мртов во својот автомобил во Сеул

Latest from Blog

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни

Меси со прекрасен потег, Возиња во „транс“: Ќе го паметам ова додека сум жив (ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Голманот на З.Острови, Возиња, се здоби со слава за време на Светското првенство. Тој од анонимност дојде до статус на еден од најследените фудбалери во светот, а најголемиот на сите времиња,

Берзанска недела во бројки: 183,5 милиони денари промет, УНИ Банка најголем добитник

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 183.513.999 денари. Од ова,

Меси и другарите се спасија од голем срам!(ВИДЕО)

ФОТО.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лео Меси продолжува да испишува историја, а Аргентина продолжува да ја брани титулата откако вечерва во Мајами успеа да слави со. 3:2 против Зеленортските Осторви, а во 1/8 финалето “Гаучосите“ ги

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата
Go toTop