Еден од главните актери од оскаровецот „Паразит“ пронајден мртов во својот автомобил во Сеул

December 27, 2023
1 min read

Во „Паразит“ Ли го играше Парк Донг-ик, таткото на богатото семејство Парк. Корејскиот филм освои четири Оскари во 2020 година, вклучително и за најдобар филм

Јужнокорејскиот актер Ли Сун-кјун (48) кој играше една од главните улоги во оскаровецот „Паразит“ е пронајден мртов во својот автомобил во Сеул.

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Полицијата во изјава за јужнокорејските медиуми соопшти дека менаџерот на Ли прво го пријавил актерот за исчезнат, а тој бил пронајден мртов во својот автомобил во средата наутро.

Ли претходно беше под истрага за наводи за користење марихуана и други дроги. Беше обвинет во дел од голема операција против наркотици во Јужна Кореја, во која беа вклучени бројни познати личности.

На 23 декември актерот беше повикан во полиција и задржан 19 часа пред да биде ослободен следниот ден. Во текот на истрагата, сите тестови за дрога на Ли беа негативни.

Инаку, во филмот „Паразит“ Ли го играше Парк Донг-ик, таткото на богатото семејство Парк. Корејскиот филм освои четири Оскари во 2020 година, вклучително и за најдобар филм. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Северна Македонија се одржа средба на лицата што дипломирале во Туркије

Следно

Турски МИТ ја неутрализира одговорната за терористичката организација ПКК во северен Ирак

Latest from Blog

ВЛЕН: Изборот на Јустина Широка-Пула носи нов почеток за Косово

Косово покажа дека демократијата, политичкиот дијалог и почитувањето на институциите се патот за надминување и на најсложените политички ситуации, порача ВЛЕН. Од партијата го поздравуваат изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка
Go toTop