Градоначалникот на Гази Баба подели новогодишни пакетчиња на децата со атипичен развој

December 27, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски додели новогодишни пакетчиња за дечињата со атипичен развој од општината.

– Новогодишни пакетчиња за децата со атипичен развој од општина Гази Баба. Ми беше задоволство да поделам новогодишни пакетчиња на дечињата со атипичен развој од општина Гази Баба. Со цел успешен раст и развој на секое дете, важно е развивање на неговите моторички вештини. Општина Гази Баба втора година по ред во соработка со здружението на граѓани ГА-БА Скопје организира континуирани спортски активности во кои се опфатени сите дечиња од основните училишта во општината, порача првиот човек на општината. 

– Се изведуваат разновидни вежби, игри и полигони со кои кај децата се развива моториката, моторните вештини, како и прецизност во движењето, точност и рамнотежа. Како локална самоуправа, но и лично како градоначалник и во иднина цврсто ќе стојам на ставот дека општината мора посветено да работи со цел на секое дете да му обезбеди услови за подобар раст и развој, додава Стефковски.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фатиме Фетаи со некомплетна документација за местото на Јовески – Советот на јавни обвинители ја одбива кандидатурата

Следно

Во Северна Македонија се одржа средба на лицата што дипломирале во Туркије

Latest from Blog

ВЛЕН: Изборот на Јустина Широка-Пула носи нов почеток за Косово

Косово покажа дека демократијата, политичкиот дијалог и почитувањето на институциите се патот за надминување и на најсложените политички ситуации, порача ВЛЕН. Од партијата го поздравуваат изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка
Go toTop