Рики Џервејс не се замолчува со петиции

December 25, 2023
1 min read

Со новата божиќна специјалка „Армагедон“ на Нетфликс, актерот и стенд-ап комичар веќе предизвика контроверзии поради шега за смртно болните деца (ги нарече ќелаици, не во свое име туку како дел  од еден гег).

Одма петиција да се забрани. Бргу ја имаа потпишано 13.000 луѓе барајќи од Нетфликс Џервејс да се канселира, тоест да се скине Армагедон.

„Буквално во шегата велам дека јас не го правам тоа (да ги вика ќелаици и да им оди поболници)… Но луѓето имаат реакција. Тие не анализираат. Тие чувствуваат нешто; навреда. Навредата е чувство. Затоа „навреден сум“ е сосема бесмислено, бидејќи кој е твојот аргумент? Што сакаш да сменам?“

Објаснува дека тој имал многу видео муабети со такви деца, ама кога тие ќе побараат. „Не се тупнувам во болници и да им викам, станујте ќелаици…..“ (така гласи спорната шега).

Во интервјуто во кое се објаснува, тој вика дека е лицемерно кога луѓето ќе се фатат за една работа.

„Да речеме, сум се заебавал со 100 ужасни работи, на 100 табу теми. Зошто се смеат на 99 а ќе бидат навредени од една? Затоа што баш таа ги погодила. Ама не им е гајле за останатите 99“.

Вели дека повеќето од оние што се бунат, всушност не се ни навредени, само сакаат да бидат слушнати. Исто како и оние „падобранци“ кои упаѓаат на стендап точките и ги реметат, за да добијат внимание.

„Можам да настапам пред милион луѓе, нема да има поплака. Ама штом нешто отиде на Нетфликс, или штом првиот ќе напише „Ова е навредливо“, ете ги нив групно „Ох, тоа е навредливо.“ А не ја ни слушнале шегата. Таквите се игнорираат, таквите не се рачунаат.“

Џервејс порачува дека луѓето имаат слобода да се чувствуваат навредени, да го мразат или да не доаѓаат на неговите точки. Ама тоа нема да го спречи да го прави тоа што го сака а го сакаат многу други луѓе.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Се бараме во преводот” – разговор за книжевен превод на Малиот новогодишен Темплум саем

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Алијанса треба сама да оди на избори – интервју со Зијадин Села

Latest from Blog

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека

Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања
Go toTop