Претставници на партијата на Курти ќе бидат на пратеничките листи како поединци, не како партија – објаснува Изет Меџити

December 25, 2023
2 mins read

„Претставници на движењето Самоопределување ќе бидат на заедничките листи како поединци, не како партија. Тие имаат исти убедувања со нас и веќе се дел од коалицијата ’Европски сојуз за промени’. Советникот на Албин Курти за Македонија, Беким Ќоку, е стружанец, тој е македонски државјанин и порано бил пратеник во Собранието, така што не го спречува ништо да се најде на кандидатска листа за пратеник“ – вели еден од лидерите на опозициската коалиција, Изет Меџити, за „360 степени

Странска партија не може да учествува на избори во Северна Македонија, но нејзини претставници, хипотетички гледано, доколку имаат македонско државјанство, односно двојно државјанство, и ги исполнуваат условите пропишани со Изборниот законик, можат да бидат кандидати за пратеници. Ова е објаснувањето што „360 степени“ го доби од Државната изборна комисија по дилемата која се наметна вчера во јавноста за тоа како движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти ќе учествува на парламентарните избори кога не е регистрирано како партија во земјава.

Имено, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, вчера на отворањето на заедничките канцеларии на коалицијата „Европски сојуз за промени“, информира дека на опозициските партии на Албанците им се приклучила уште една партија, а тоа е Движењето Самоопределување.

Како што рече Меџити, изборната програма се работи заедно, канцелариите се заеднички, кампањата ќе биде заедничка и на изборните листи на оваа коалиција ќе има претставници на Самоопределување.

„Од денеска Европскиот сојуз за промени се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири е и Самоопределување, тие ќе бидат дел од пратеничките листи, значи ќе има член, претставник на Самоопределување“,

рече Меџити.

Советникот на косовскиот премиер Албин Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, кој беше присутен на отворањето на заедничките канцеларии, потврди дека движењето Самоопределување ќе биде четвртиот столб на опозициските партии на Албанците.

Согласно Изборниот законик и Законот за пратеници, право да биде избран за пратеник има секој државјанин на Република Македонија, ако:

  • наполнил 18 години живот;
  • има деловна способност;
  • не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и
  • не се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело.
Фото: Член 7 од Изборен законик
Фото: Член 5 од Закон за пратеници

Меџити во изјава за „360 степени“ објаснува дека претставници на движењето Самоопределување кои ќе се најдат на заедничките листи за кандидати за пратеници, нема да фигурираат како партија, туку како поединци.

„Претставници на движењето Самоопределување ќе бидат на заедничките листи како поединци, не како партија. Тие имаат исти убедувања со нас и веќе се дел од коалицијата ’Европски сојуз за промени’. Советникот на Албин Курти за Македонија, Беким Ќоку, е стружанец, тој е македонски државјанин и порано бил пратеник во Собранието, така што не го спречува ништо да се најде на кандидатска листа за пратеник“,

ни изјави Меџити.

Инаку, Беким Ќоку е поранешен член на Алијанса за Албанците, партијата на Арбен Таравари, која во моментов е дел од владејачката коалиција. Тој бил пратеник во македонското Собрание од редовите на ДПА во периодот од 2011 до 2014 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден остана сам во Црвеното море

Следно

Уништени домови и животи: Северниот дел на Газа претворен во урнатини

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop