Уништени домови и животи: Северниот дел на Газа претворен во урнатини

December 25, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Северниот дел на Газа, кој е под интензивни израелски напади од 7 октомври, е претворен во урнатини, јавува Анадолу.

Палестинците се борат за опстанок во уништената Беит Лахја во Газа. Некои не сакаат да ги напуштат своите домови иако од нив не остана ништо. Тие не заминуваат и покрај израелските барања да ја напуштат областа.

Екипата на Анадолу ја сними моменталната ситуација во оваа област на северот на Газа. Откако израелската војска влезе и излезе од регионот, градот се претвори во град на духови. Само неколку жители останаа во нивните уништени домови.

Еден од жителите изјави дека 80 отсто од куќите во Беит Лахја биле уништени како резултат на израелските напади.

Израел започна со напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, и оттогаш се убиени најмалку 20.424 Палестинци, главно жени и деца, а 54.036 се ранети.

Израелскиот напад го остави Појасот Газа во урнатини со половина од станбениот фонд оштетен или уништен, а околу два милиони луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостиг на храна и чиста вода.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставници на партијата на Курти ќе бидат на пратеничките листи како поединци, не како партија – објаснува Изет Меџити

Следно

Мицкоски: Не сум имал тајна средба со Ковачевски, тајните средби не се дел од мојот карактер

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop