Брнабиќ: Им благодарам на руските служби кои имаа информации за тоа што се подготвува во Србија и ги споделија со нас

December 25, 2023
2 mins read

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја ситуацијата во Србија по изборите, оцени дека „Западот има голема желба да го спроведе Мајдан во Србија и на Балканот“. Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, согласен со оценката на Захарова, посочи дека не знае која би била друга целта освен Мајдан

Руските безбедносни служби имаа информации за подготовка на немири во Србија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ на Пинк телевизија и им се заблагодари што ги споделиле информациите со нивните српски колеги, пренесува „Политика“.

„Ова веројатно нема да биде популарно кај оние од Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да се брани Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа овие информации и ги споделија со нас“,

рече Брнабиќ.

Таа додаде дека српските државни власти потоа ја споделиле таа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлиле како руска дезинформација.

„Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести“,

изјави Брнабиќ коментирајќи ја утрешната средба меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и амбасадорот на Русија во Белград Александар Бочан-Карченко.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја ситуацијата во Србија по изборите, оцени дека „Западот има голема желба да го спроведе Мајдан во Србија и на Балканот“, пренесе Новости.рс.

„Сите овие наводни собири воопшто не се собири, туку едноставно изнесување на луѓето на улица за постигнување цели кои не се во согласност со демократските процеси и за промовирање на западните интереси со помош на противуставни средства кои се во спротивност со внатрешните закони. Сето ова укажува дека Западот има голема желба да го спроведе Мајдан на Балканот, а до што води тоа најдобро се гледа на примерот на Украина, како модел како не треба да работи ниту народот, ниту државата“,

рекла Захарова на брифинг со новинарите, нагласувајќи дека народот на Србија ќе реши сам.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, согласен со оценката на Захарова, посочи дека не знае која би била друга целта освен Мајдан.

„Што се однесува до нивните намери, не знам кои се нивните други намери. Освен што цело време вршите брутален притисок врз институциите дефинирани со Устав и закон. Мора да ми кажете, јас не сум некој што е во најблиски односи со Захаров, што е општо познато. Треба да ми кажете која е втората цел, што всушност сакате? Да извршите притисок некој да ја смени волјата на гласачите, да ги крадете изборите по ваш налог за да дојдете на власт. Народот нема да ве сака, но вие одлучивте затоа што толку се сакате себеси што би ја смениле волјата на гласачите. Како планиравте да го направите тоа, ако не сакате да употребите некаков вид на насилство? Што мислите? Која е поентата? Институциите ќе си ја завршат работата. И само да кажам едно, што и да се обидат нема да има насилна смена на било што. Власта во Србија се менува на избори. Србија е демократска земја и секогаш ќе биде така. Подгответе се, господа, за избори. Четири години не е долг период“,

ѝ порача Вучиќ на опозицијата, јави Новости.рс.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Казнети 200 возачи во Скопје, од кои 128 за брзо возење

Следно

„КОД“ со нови детали за убиството на Вања: Киднаперите се пишманиле

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop