Функционери и оперативци на СДСМ, предводени од директорот на Царина, Стефан Богоев вршат „европска обиколка“ низ Центар и делат пакети со шеќер, кафе, сол, брашно и други производи, објави порталот Оффнет.
Фотографиите што ги објави Оффнет се испратени од читател, кој бил сведок дека кампањата „За европска Македонија“ почнува да се реализира од врата на врата во Капиштец, на улицата „Васил Ѓоргов“.
На фотографиите објавени на Оффнет може да се забележи уште еден партиски оперативец, кој воедно е државен функционер, а тоа е секретарот за јавни политики Васко Кичевски.
Повеќе фотографии ТУКА
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.