Курти тврди дека Радоичиќ планира нови напади на Косово

December 23, 2023
2 mins read

Косовскиот премиер денеска изјавил дека група Срби кои го напуштиле Косово вежбаат на воени полигони на војската на Србија, наводи кои српското Министерство за одбрана веднаш ги демантираше

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека поранешниот потпретседател на Српска листа и водач на вооружениот напад кај селото Бањска, Милан Радоичиќ подготвува нови напади на Косово. 

Косовскиот премиер Албин Курти / Фото: Архива

Курти на прес-конференција, без да презентира конкретни докази, рекол дека Радоичиќ има редовни состаноци со српски разузнавачи, а споменал и неколку локации во Србија, вклучително и воени полигони за обука, каде што наводно тренираат членовите на групата на Радоичиќ, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа. 

„По терористичкиот напад, српскиот суд во рекордно време го ослободи Радоичиќ. Тој сега ги продолжува подготовките за други напади на Косово заедно со некои од членовите на терористичката организација „Граѓанска одбрана“,

рекол Курти. 

Премиерот на Косово изјавил и дека оружјето употребено во нападот во Бањска било складирано во „српска компанија која е на црната листа на Соединетите Американски Држави“. 

Тој, исто така, излегол со тврдења дека група од 80 лица кои го напуштиле Косово „продолжуваат со вежби на полигонот Зимовник кај Рашка“ и дека вежбите ги водат пензионирани српски војници.  

Курти на прес-конференцијата го критикувал и косовското обвинителство затоа што и по три месеци од нападот кај Бањска сè уште нема никакви информации, ниту обвинение, наведувајќи оти тоа е неприфатливо бидејќи станува збор за „најголемиот напад врз уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово“. 

Српското Министерство за одбрана ги отфрли наводите на Курти дека полигони на војската на Србија се користат за обука на паравоени групи. Оттаму велат дека полигонитесе користат единствено за обука на единиците на армијата на земјата и повремено на Министерството за внатрешни работи.  

Министерството за одбрана на Србија, исто така, ги отфрли и наводите за вмешаност на војската на земјата во настаните во Бањска, како и за поврзаност со „непостоечки терористички групи кои планираат напад“ на Косово.   

На изјавите на косовскиот премиер реагираше и директорот на Канцеларијата за Косово на владата на Србија, Петар Петковиќ, кој рече оти е „апсолутна лага дека Белград се подготвува за напад“. 

На 24 септември група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција кај Бањска. Во нападот беше убиен полицискиот старешина Африм Буњаку, а во престрелката беа убиени тројца припадници на групата.

Инцидентот предизвика нови тензии меѓу Косово и Србија. Приштина тврди дека нападот е организиран од Белград, додека српските власти од друга страна ги негираат ваквите наводи.   

Поранешниот потпретседател на најсилната српска партија на Косово, Милан Радоичиќ преку својот адвокат ја презеде одговорноста за нападот кај Бањска, тврдејќи дека самиот го организирал и за тоа не информирал никого.

Радоичиќ на 3 октомври беше приведен во Белград под обвинение за „здружување за вршење на кривични дела, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и тешки кривични дела против општата безбедност“. 

Тој беше ослободен еден ден подоцна со услов да не ја напушта Србија и му беше забрането да оди на Косово. 

На почетокот на декември Интерпол на барање на Косово по него распиша потерница. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден откако ќе даде оставка Ковачевски ќе тера кафе шема на улица „Македонија“ во ново палто и фармерки

Следно

Силни безбедносни мерки во Келн и Виена поради можни терористички напади за време на божиќните празници

Latest from Blog

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според
Go toTop