Хамас: Резолуцијата на ОН е недоволен чекор

December 23, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинската група за отпорот, Хамас, ја осуди резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара проширен хуманитарен пристап, но не вклучува барање за итен прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Хамас за резолуцијата рече дека е „недоволен чекор, и не ги задоволува потребите на катастрофалната состојба предизвикана од (израелската) терористичката воена машинерија во Газа“.

Од Хамас е соопштено дека резолуцијата „не вклучува меѓународна одлука за запирање на геноцидната војна на (израелската) терористичка окупација врз нашиот палестински народ во Газа“.

Во соопштението се обвинуваат Соединетите Американски Држави (САД) дека ја „испразниле“ резолуцијата од нејзината суштина пркосејќи на „волјата на меѓународната заедница и на Генералното собрание на Обединетите нации за запирање на (израелската) агресија против нашиот беспомошен палестински народ.“

Советот за безбедност вчера ја усвои резолуцијата со која се повикува на „итни чекори“ за итно дозволување „безбеден, непречен и проширен“ хуманитарен пристап до Газа во услови на израелска офанзива врз енклавата.

Од 7 октомври, израелската армија води деструктивна војна во Газа, што резултира со најмалку 20.057 загинати и 53.320 повредени, од кои повеќето деца и жени. Предизвика е огромна штета на инфраструктурата и досега невидена хуманитарна катастрофа, според палестински и меѓународни извори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено во Берово, Битола и Попова Шапка

Следно

Нечовечки и мизерно е да примаш признание за добра огранизација на ОБСЕ самитот, кога во тие денови се случува убиството на Вања

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop