Чешката полиција потврди дека напаѓачот се самоубил на покривот на универзитетот

December 22, 2023
2 mins read

Чешката владата донесе одлука 23 декември (сабота) да биде ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, соопшти премиерот на Чешка, Петр Фијала

Чешката полиција соопшти дека напаѓачот, кој во четвртокот попладне уби 14 луѓе на Карловиот универзитет, се самоубил откако бил опколен од полициските службеници, пренесува Би-би-си.

Нападот што се случи во зградата на Факултетот за уметности на Карловиот универзитетот во Прага е најголемото масовно пукање во чешката историја.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Официјални лица на чешките власти на прес-конференција денеска рекле дека студентите се забарикадирале во просториите на универзитетската зграда за време на нападот и дека полицијата морала да оди од кат до кат за да ги извлече.

Тие покажаа снимки од камерите на полицајците додека го бараат напаѓачот, кој загинал на покривот на зградата.

Полицијата соопшти дека луѓето биле замолени да излезат со кренати раце бидејќи полицијата не била сигурна дали напаѓачот има соучесници.

Директорот на градската полиција Петр Матејчек додаде дека нашле муниција во ходниците и дека верува оти брзото пристигнување на полицијата спречило повеќе крвопролевање.

Ова го потврдил и чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан, кој за Би-би-си изјави дека напаѓачот купил многу пиштоли и дека бил подготвен да убие многу луѓе.

Според него,13 лица починале на универзитетот, додека една лице починало во болница.

Повеќето од загинатите и ранетите се жени, но се смета дека убиствата биле случајни.

„Да се зборува за мотивите не е лесно. Немаме посебен доказ или информации зошто решил да направи нешто толку страшно“,

рече Ракусан додавајќи дека тоа може да има врска со животот на убиецот и неговата психичка состојба.

Сите загинати во нападот во четвртокот сега се идентификувани, но само едно лице досега е официјално именувано.

Ленка Хлавкова е една од застреланите. Таа била раководител на Институтот за музикологија на Карловиот универзитет.

Во нападот се повредени уште 25 лица, меѓу кои еден холандски државјанин и две лица од Обединетите Арапски Емирати.

Како што информираше чешката полиција, напаѓачот е 24-годишниот ученик Давид Козак од Кладенско, кој досега немал криминално досие.

Се смета дека денот го почнал со убиство на својот татко во селото Хостоун, 20 километри западно од Прага, а потоа отишол во центарот на градот.

Пред пукањето полицијата добила дојава дека се верува дека осомничениот се упатил кон Прага со намера да се самоубие.

Чешката влада донесе одлука 23 декември (сабота) да биде ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, соопшти премиерот на Чешка, Петр Фијала.

Шефот на службата за итни случаи во Прага рече дека досега собраните докази од теренот укажуваат дека масовниот убиец од универзитетот е извршител на убиствата во шумата Клановички, каде што беа убиени таткото и бебето.

„Чекаме балистички докази за да го потврдиме ова. Дотогаш ќе продолжиме да го истражуваме ова кривично дело. Засега тоа не можеме да го потврдиме со 100 проценти сигурност“,

рече тој. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РФМ: Нема веќе билети за натпреварите на македонската репрезентација на ЕП

Следно

Во струшкиот суд по трет пат почна судскиот процес со родилката Веапоска

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop