„Форензичка архитектура“: Постојаните напади на Израел ја уништија болничката инфраструктура во Газа

December 22, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израел ги уништува болниците и медицинската инфраструктура во Појасот Газа преку континуиран шаблон на напади, првин цели кон околината на болниците со директни напади, па опсада и окупација, јавува Анадолу.

Израелската армија продолжува до нападите врз болниците, каде што илјадници раселени Палестинци, вклучително и повредени и болни, побараа засолниште од 7 октомври.

„Форензичка архитектура“, истражувачка група со седиште во Лондон, анализираше стотици извештаи објавени од медиуми како Ал Џезира, Ал Араб и новинската агенција Шехаб, за нападите врз болниците, околината на болниците и медицинската инфраструктура во северниот дел на Појасот Газа.

Анализата хронолошки ги претстави дејствата на Израел што ги направија болниците нефункционални како последица на бомбардирањата, користејќи мапа со помош на анимирана графика.

Од 2 ноември Израел онеспособи половина од болниците.

На 14 октомври медиумите објавија дека надвор од функција се две болници.

На 31 октомври е бомбардирана околината на болниците, а израелските сили го окупираа теренот. Беа бомбардирани Индонезиската болница, Ал-Шифа, детските болници Ал-Рантиси, Ал-Кудс, баптистичката болница Ал-Ахли, Турската болница и Ал-Вафа.

Поради воените активности во областите во северниот дел на Газа, пет болници – Ал-Кудс, Ал-Шифа, Ал-Рантиси, Камал Адван и Индонезиската – станаа засолништа за илјадници принудно раселени Палестинци.

„Во периодот од 2 до 7 ноември воздушните напади директно беа насочени кон две болници, принудувајќи ги да прекинат со работа.“

„Извештаите од 14 ноември укажуваат на тоа дека тие биле под опсада од израелската војска и се принудени да прекинат со работа“, се вели во извештајот.

Се вели дека на 24 ноември Индонезиската болница, Ал-Шифа и Ал-Рантиси биле окупирани од израелската војска и принудени да прекинат да даваат медицински услуги.

„Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од 19 декември девет од 36 болници во Газа се делумно функционални и тоа сите на југот. Четири болници на север даваат минимални услуги за веќе примените пациенти, без електрична енергија и резерви и опколени се од страна на израелските сили“, се вели во соопштението.

Во ноември израелските сили воведоа строга блокада на болницата Ал-Шифа, имајќи ги како директна цел пациентите, повредените во нападите, медицинскиот персонал и раселените.

Армијата се повлече од најголемата болница во Газа на 25 ноември, приближно 10 дена по упадот.

Израел започна со жестоки напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, од кога загинати се повеќе од 20.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени 52.586, според здравствените власти во енклавата.

Израелските напади ја претворија Газа во урнатини, а половина од станбениот фонд на крајбрежната територија е оштетен или уништен, а речиси 2 милиона луѓе се раселени во густо населената енклава поради недостиг од храна и чиста вода.

Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Владиката Партениј проговори за нападите од Палчо, односите со Петар, признавањето од Вартоломеј

Следно

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство на Македонија

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop