Бајден: Поддршката на Украина е „обврска на светот“

January 25, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден, на денешната прес-конфренција, најави дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс“ во Украина. Тој соопшти дека утрово разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и италијанската премиерка Џорџа Мелони за поддршката за Украина.

– Денеска објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе испратат 31 тенк Абрамс во Украина, што е еквивалент на еден украински баталјон, рече тој. – Државниот секретар Лојд Остин го препорача овој чекор бидејќи со тоа ќе се зајакне капацитетот на Украина да ја брани својата територија и да постигне стратешки цели, рече американскиот претседател.

Бајден посочи дека тенковите Абрамс се најспособните тенкови во светот и тие се, исто така, исклучително сложени за ракување и одржување. – Значи, на Украина и ги даваме деловите и опремата неопходни за ефикасно одржување на овие тенкови на бојното поле.

Тој вели дека за испорака на овие тенкови „ќе биде потребно време“, но САД ќе се погрижат украинските трупи да бидат „целосно подготвени“ да управуваат со тенковите.

– Поддршката на способноста на Украина да се бори против руската агресија, да го брани својот суверенитет и територијален интегритет е обврска на светот, додава тој.

Претходно и Белата куќа соопшти дека ќе испрати „Абрамс“ во Украина, а САД ќе обезбедат и соодветна обука и делови неопходни за оперативност на тенковите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Маж со нож напаѓаше патници во воз во Германија, има и мртви

Следно

Кабинетот на Пендаровски се огласи по заканите на Џамбаски, МНР ќе се обрати до Европскиот парламент

Latest from Blog

Божиновска: Нашата економија не може да биде конкурентна без жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, одржана во Скопје во организација на Министерството

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот

Тинејџер избоден со нож на божиќен базар во Германија

Во Херфорд , во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија , 16-годишно момче е тешко повредено во напад со нож . Како што потврди портпаролот на полицијата, инцидентот се случил во споредна улица, во близина на божиќниот пазар , пишува „Шпигел“. Според првичните информации,
Go toTop