ОН: Повеќе од половина милион луѓе во Газа се соочуваат со глад

December 21, 2023
1 min read

Од светската програма за храна на ОН велат дека населението може да се соочи со „кризни нивоа на глад во следните шест месеци“, доколку војната меѓу Израел и Хамас продолжи со исто темпо и ако не се отворат границите за испорака на храна

Повеќе од половина милион луѓе во Газа се соочуваат со глад која е опасна по живот, бидејќи нема доволно храна откако изби конфликтот на таа територија, соопштија денеска Обединетите нации.

Главниот економист и директор за истражување, евалуација и мониторинг во светската програма за храна на ОН, Ариф Хусеин рече дека сега „речиси сите во Газа се гладни“.

Тој предупреди дека населението може да се соочи со „кризни нивоа на глад во следните шест месеци“, доколку војната меѓу Израел и Хамас продолжи со исто темпо и ако не се отворат границите за испорака на храна.

Во извештајот објавен денеска од невладини и агенции на ОН се наведува дека, според проценките, меѓу 24 ноември и 7 декември, речиси целото население на Појасот Газа се соочува со високи нивоа на акутен недостиг на храна, а околу 576 600 се соочуваат со глад што претставува закана за животот. 

Денеска, пак, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека северниот дел на Газа е остана без ниту една функционална болница поради недостиг на гориво, персонал и медицински материјали.

Како што соопшти организацијата, само девет од 36 здравствени установи се делумно функционални во цела Газа

„Сите овие објекти се концентрирани на југот на енклавата. Всушност нема повеќе функционални болници на север (од Газа)“,

изјави Ричард Пеперкорн, претставник на СЗО во Газа, преку видео врска од Ерусалим.

Според него, болницата „Ал-Ахли“ е последната болница, која е минимално функционална – се уште лекува пациенти, но не прима нови.

Пеперкорн рече дека до пред два дена таа била единствената болница во која можеле да се оперираат повредените во северниот дел на Газа и истата била преполна со пациенти на кои им била потребна итна помош. Тој дополни дека нема повеќе операциони сали поради недостиг на горива, струја, медицински материјали и здравствени работници, меѓу кои хирурзи и други специјалисти.

Пациентите, како што додаде тој, не се во можност да се движат и треба итно да бидат префрлени за да имаат шанса да преживеат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чешката полиција истражува дали денешниот напаѓач на Карловиот универзитет пред една недела убил татко и бебе

Следно

Променливо облажно, ќе има и дожд

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop